Нова книга на Папата со одговори на писма од деца

„Љубовта доаѓа пред создавањето на светот“ излегува во книжарниците. Така е насловена книгата со одговорите на папата Фрањо на писма испратени од децата од сите континенти.

„… Што направи Бог пред да го создаде светот? -Тој љубеше“;„Зошто родителите понекогаш се расправаат меѓу себе? – Затоа што се човечки суштества“, прашања и одговори без пресметаност, без предрасуди. Новата книга се роди по иницијатива на Лојола Прес, издавачката куќа на Исусовската дружба, позната уште како „Општеството на Исус“. „Љубовта пред создавањето на светот“. Во текстот, Папата одговара на прашања поставени од деца на возраст меѓу 6 и 13 години. Во мај минатата година Лојола Прес ја предложи оваа иницијатива на папата Фрањо, кој веднаш ја прифати. Беа собрани 259 писма од 26 држави, меѓу кои Албанија, Кина, Нигерија, Филипините и привремените училишта на сириските бегалци.

Во изминативе месеци, отец Антонио Спадаро, директор на La Civiltà Cattolica, се сретна со папата Фрањо во Света Марта, каде Папата одговараше на писмата: „Овие прашања се тешки“, му рече, насмеан папата Фрањо, на Исусовецот. Цртежи и прашања на 31 дете беа избрани за книгата, кои ќе му бидат претставени на Папата на 22 февруари, заедно со целата колекција на писма, од некои деца на приватна средба во Ватикан. Неколку дена подоцна, на 25 февруари, „Љубовта доаѓа пред создавањето на светот“ на издавачката куќа Ризоли, ќе излезе во италијанските книжарници, а од 1 март – и во целиот свет. За време на посетата на Филаделфија по повод Осмата Светска средба на семејствата во септември 2015 година, папата Фрањо цитира едно од писмата на децата, велејќи колку му било тешко за него да најде одговор. Бидејќи „децата се најдобрите анкетари во светот“, коментираше отец Спадаро за Радио Ватикан.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот