Папата Фрањо: Да не ги заборавиме жртвите од коронавирусот

Папата Фрањо: Да не ги заборавиме жртвите од коронавирусот

Во недела 23 август 2020 година папата Фрањо повика да не се заборават жртвите од коронавирусот и се спомна на семејствата кои ги оплакуваат своите сакани жртви на болеста Ковид – 19.

После молитвата Ангел Господов поздравувајќи ја групата семејства од Каробио дели Анџели од италијанската покраина Бергамо кои дојдоа на поклонение во Рим во спомен на жртвите од коронавирусот, Папата ги повика присутните да не ги заборават жртвите од коронавирусот: „Утринава слушнав сведоштво на семејство кое во ист ден ги изгубило дедото и бабата, а притоа не можеле од нив и да се испратат. Голема болка, многу луѓе ги изгубија животите, жртви на болеста. И многу доброволци, лекари, медицински сестри и техничари, чесни сестри, свештеници, кои исто така ги загубија животите. Да се сетиме на семејствата кои заради тоа страдаат – повика Папата во своето обраќање после завршувањето на молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот