Папата во посета на „Куќата на надежта“ и „Градината во спомен на абортираните деца“

За време на своето Апостолско патување во Јужна Кореја, папата Фрањо на 16 август го посети центарот за рехабилитација за лица со посебни потреби во местото Котонгне. Околу 90 километри одалечено од Сеул, во бискупијата Ченгју, повеќе од 70 члена во „Куќата на надежта“ се грижат за околу 150 пациенти и 50 сирачиња. Почитувајќи ги правилата на тој католички центар, Папата пред да влезе ги соблече чевлите и веднаш околу вратот стави венец со цвеќе, кој му го предаде едно девојче во народна носија.

Добродојде на Папата му посака и една група бездомници. Во капелата на центарот Папата се сретна со инвалиди, ги положи рацете на нивните глави и разговараше со нив. Децата пак во чест на Папата прикажаа една игра.

Потоа во придружба на претставници од корејските здруженија за живот и корејскиот мисионер без рака и нога, Ли Џу Вон, запре во „Градината во спомен на абортираните деца“. Со спуштена глава и склопени раце Светиот Отец се помоли на тревникот исполнет со дрвени бели крстови.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот