Папата: Не смееме да се навикнеме на војни, на овие ужаси против Бога и луѓето

Папата: Не смееме да се навикнеме на војни, на овие ужаси против Бога и луѓето

Преку својот профил @Pontifex, на платформата Х, папата Фрањо уште еднаш ги осуди конфликтите, „уништувањето на човечкото братство“ во Украина и на Блискиот Исток

Ужаси, многу сериозни ужаси против Бога и против човекот. Со овие зборови папата Фрањо уште еднаш ги осуди актуелните конфликти во светот, кои веќе ги нарече пораз. Ова го објави папата Фрањо на 23 октомври 2023 година на девет јазици на платформата Х, преку неговиот профил @Pontifex.

Не смееме да се навикнеме на војна, на ниту една војна. Не смееме да дозволиме нашите срца и умови да отрпнат пред повторувањето на овие многу сериозни ужаси против Бога и против човекот – напиша Папата.

Уште еден апел

Ова е уште еден апел на папата Фрањо, кои се вбројува во осудите искажани од самиот почеток на понтификатот и посилно повторени по почетокот на руската агресија во Украина и сега, со тензиите на Блискиот Исток меѓу Израел и Палестина, со повторното избивање на напади и насилство. Ова е загриженоста што Папата ја изрази во разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, кој неодамна беше во посета на Израел и во кој повторно беше нагласена потребата за утврудвање на патиштата на мирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот