Ангел Господов: Не плашете се, бидете будни

Папата во своето неделно обраќање нѐ охрабри да не се плашиме, бидејќи нашите животи се цврсто во Божјата љубов и промисла, но мораме да бидеме будни во секое време, будни и внимателни да му служиме на Бога и на нашите браќа и сестри.

Говорот на папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во недела 7 август 2022 година го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Во Евангелието на денешната Литургија, Исус им вели на неговите учениците да го отфрлат од нив секој секој страв и ги повика на будност. Има два основни поттика што ги упатува. Првиот е: „Не бој се, мало стадо“ (Лука 12, 32); а вториот е: „бидете будни“ (р. 35). „Не плашете се“ и „бидете будни“. Ова се два клучни збора за надминување на стравовите кои понекогаш не кочат за надминување на искушението на пасивен живот, заспиеност. Да се задржиме на овие два повика.

Не бој се: Исус прво ги охрабрува учениците. Исус штотуку ја завршил беседата за грижата на Отецот полна со љубов и внимание, кој се грижи за полските кринови и небесните птици, што значи дека многу повеќе се грижи за своите деца. Затоа, не смееме да се грижиме и да се вознемируваме: Нашата историја е цврсто во Божји раце. Овој повик на Исус нè охрабрува да не се плашиме. Понекогаш, имено, се чувствуваме заробени во чувството на недоверба и вознемиреност: тоа е поради стравот дека нема да успееме, дека нема да бидеме препознаени и сакани, дека нема да можеме да ги оствариме нашите планови, дека никогаш нема да бидеме среќни и така натаму. И тогаш се бориме со сите сили да најдеме решенија, да најдеме простор каде што ќе се издвојуваме од другите, ќе собираме добра и богатства, ќе стекнеме сигурност и како ќе завршиме? На крајот живееме во постојана вознемиреност и грижа. Меѓутоа, Исус нè уверува: не плашете се! Имајте доверба во Отецот, кој сака да ви даде сè што навистина ви треба. Тој веќе ти го даде својот Син, своето Царство и секогаш те следи со неговата промисла, грижејќи се за тебе секој ден. Не плашете се: тоа е сигурноста на која е приврзано срцето. Не плашете се: срцето е приврзано за оваа сигурност. Не бој се.

Но, сознанието дека Господ со љубов бдее над нас не ни дава за право да спиеме, да се препуштаме на мрзеливост! Напротив, мора да бидеме будни, подготвени. Да се сака всушност значи да се биде внимателен кон другиот, да се биде свесен за неговите потреби, да се биде достапен за слушање и прифаќање, да се биде подготвен.

Другиот збор е „биди буден“. Тоа е вториот повик денес.

Тоа е христијанската мудрост. Исус го повторува овој повик неколку пати, а денес тоа го прави преку три кратки параболи, во чиј центар е господарот кој во првата ненадејно се враќа од свадбата, а во втората не сака да биде изненаден од крадци. а во третата се враќа од долго патување. Пораката во сите нив е следна: треба да бидеме будни, да не заспиваме, односно да не се расејуваме, да не се препуштаме на внатрешната мрзеливост, бидејќи и во ситуации кога не го очекуваме, Господ доаѓа. Да внимаваме на Господ, да не заспиеме. Треба да бидеме будни.

На крајот од нашиот живот, Тој ќе бара од нас сметка за добрата што ни ги доверил; зашто, да се биде буден значи и да се биде одговорен, односно верно да се чува и управува со овие добра. Добивме толку многу: живот, вера, семејство, односи, работа, но и местата каде што живееме, нашиот град, создадениот свет. Добивме толку многу. Да се обидеме да се запрашаме: дали се грижиме за богатството што ни го остави Господ? Дали ја чуваме неговата убавина или ги користиме работите само за себе и за нашата моментална удобност? Треба малку да размислиме: Дали сме чувари на она што ни е подарено?

Браќа и сестри, да чекориме без страв, сигурни дека Господ е секогаш со нас. Да бидеме будни, за да не заспиеме додека Господ поминува. Свети Августин вели: „Се плашам дека Господ ќе помине, а јас нема да забележам“; да не заспијам и да не го забележам Господ како поминува. Бидете будни! Во тоа нека ни помогне Дева Марија, која ја прифати Господовата посета и подготвено и великодушно го кажа своето „да“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот