Најава: Сеноќно бдение во Нова Маала

Најава: Сеноќно бдение во Нова Маала

Во склоп на „Октомвриската Побожност“, во сабота вечер на 27 октомври, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала ќе се одржи сеноќно бдение.

Сеноќното бдение ќе биде наменето за сите души во чистилиштето и духовната програма ќе содржи:

  • Во 20:00 часот ќе се моли Света Бројаница;
  • Во 20:30 ќе се служи Света Литургија;
  • во 21:30 ќе има обожoвање и благослов со Светото Причастие;
  • заедничкото дружење ќе продолжи со молитви и побожни песни.

Сите луѓе со добра волја се повикани да земаат учество на ова духовно дружење.

к.мк.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот