Папата после молитвата Ангел Господов: Повикани сме да ја откриеме вредноста на заедништвото

Папата после молитвата Ангел Господов: Повикани сме да ја откриеме вредноста на заедништвото

Папата Фрањо после молитвата Ангел Господо повика на заедништво на сите членови на Црквата и заблагодари на сите кои се грижат за болните од корона вирусот и помагаат на најсироамшните и бездомниците

Овие денови плоштадот Свети Петар е затворен, затоа директно се обраќам на вас, кој сте поврзани по пат не медиумите – рече папата Фрањо после пладневната молитва Ангел Господов на 15 март 2020 година и истакна: Во оваа пандемија во која малку или повеќе се наоѓаме изолирани, повикани сме повторно да ја откриеме и да ја продлабочиме вредноста на заедништвото, кое ги обединува сите членови на Црквата. Обединети во Христос никогаш не сме сами, туку обликуваме едно тело, на која Тој е главата. Тоа единство се негува со молитва и духовно заедништво во евхаристијата, односно праксата која се препорачува, кога не е можно да се прими Пресветата Тајна. Тоа го велам на сите, посебно на луѓето кои живеат сами.

Повторно ја искажувам својата близина со сите болни и оние кои се грижат за нив, како и за здравствените работници и волонтери, кои им помагаат на оние кои не можат да излезат од дома, како и на сите кои им помагаат на најсиромашните и бездомниците. Ви благодарам за сите напори кои ги правите како би помогнале во ова тешко време. Господ нека ве благослови и Марија нека ве заштити – рече на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот