Папата Фрањо на 21 јуни ќе го посети Наполи

Папата Фрањо на 21 јуни ќе го посети Наполи

Привремениот директор на канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти изјави дека папата Фрањо ќе го посети Наполи каде ќе учествува на средба со тема: Теологијата после ‘Veritatis Gaudium’ во контекст на Медитеранот“. Оваа средба ја организира Папскиот теолошки факултет на Јужна Италија во Наполи – истакна Џизоти.

Според програмата Светиот Отец во Наполи ќе треба да пристигне околу 9.00 часот, каде меѓу другите ќе го пречека кардинал Кречензио Сепе, надбискуп од Наполи и голем канцелар на спомнатиот факултет; потоа бискупот Франческо Марино и Генералниот поглавар на Дружбата Исусова, патер Артуро Соса Абаскал. Папата Фрањо, кој веќе еднаш го има посетено Наполи на 21 март 2015 година, ќе одржи говор на тема поврзана со средбата, а после ручекот, во раните попладневни часови ќе се врати во Рим.

Потсетуваме дека апостолската конституција на папата Фрањо ‘Veritatis Gaudium’ (Радост за вистината) е објавена пред повеќе од една година, односно на 29 јануари 2018 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот