Дон Иван Штироња именуван за Которски бискуп

Дон Иван Штироња именуван за Которски бискуп

Прифаќајќи го повлекувањето на монс. Илија Јањиќ од пасторалното водство на Которската бискупија поради достигната возраст, Светиот Отец, папата Фрањо го именува дон Иван Штироња за Которски бискуп. Именувањето го затече како свештеник на Требињско-Мркањската бискупија, парох во Студенци и ректор на светилиштето „Пресветото Срце Исусово“ во Мостарско-Дувањска бискупија, Босна и Херцеговина. Веста беше објавена во вторник на 22 декември 2020 година.

Монсињор Иван Штироња е роден на 10 мај 1960 година од татко Стојан и мајка Аница, родена Бошковиќ. Извршувал бројни служби во Црквата, меѓу кои и водител на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина, а бил и мисионер во Танзанија.

Покрај хрватскиот јазик се служи со англиски, италијански и африкански сфахили јазик.

Дон Иван Штироња во септември 2015 година во Скопје ги водеше духовните вежби за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, а една година претходно во Струмица и Скопје одржа трибина на тема: Папските мисонерски дела и посланието на Црквата..

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот