Папата Бенедикт XVI: Ваша Светост Ви ветувам послушност и молитва

Папата Бенедикт XVI: Ваша Светост Ви ветувам послушност и молитва

Единаесети февруари пред пет години, Бенедикт XVI најави дека отстапува од Петровата служба. Тој негов гест за некои беше револционерен, за некои мудар, но без сомнеж беше прорчки. Радикално се промени лицето на Црквата и историјата на целиот свет.

На тој 11 февруари 2013 година, околку 11.30 часот, Папата пред Кардиналскиот конзисториум во Апостолската палата во Ватикан, го изговори својот говор на латински јазик најавувајќи повлекување. „Свесен за сериозноста на тоа, во потполна слобода, изјавувам дека се одрекувам од службата римски епископ, наследник на свети Петар…“ – рече тогаш Бенедикт XVI.

Тоа беше гест на љубов кон Црквата, кој со минувањето на времето, верниците а и оние кои не се, сѐ повеќе ја разбираат неговата големина. За таа годишнина и за нејзиното значeње во разговор за Радио Ватикан се осврна главниот секретар од Секретаријатот за економија, монс. Алфред Хуереб кој во текот на пет и пол години, од 2007 година па до завршетокот на понтификатот, беше со Бенедикт XVI како негов втор секретар.

„Имам многу спомени од папата Бенедикт и не сакам да ги заборавам за да го одржам живо сеќавањето на тие години, на периодот кој го поминав со него“ – рече монсињорот и меѓу најсилните моменти го истакна оној кој е поврзан со неговото повлекување.

Многу убаво се сеќавам на 5 февруари 2013 година, кога папата Бенедикт ме повика во својата канцеларија и ми ја најави својата одлука за повлекување. Тогаш во еден момент сакав да го прашам зошто не размислува уште за тоа, но се сетив дека во последно време забележав дека пред служењето на светата Литургија во приватната капела долго се задржуваше во молитва, и иако часовникот означуваше време за почеток на светата Литургија, тој не се грижеше за тоа и остануваше во собраност пред распетието. Тогаш бев уверен дека се моли за нешто многу важно. А кога на 5 февруари ми ја кажа својата одлука, веднаш си помислив дека голема е веројатноста дека се молел токму за тоа – рече монс. Хуереб.

На новинарско прашање дали во последно време го видел Папата емеритус, монсињорот се присети на својот роденден. Тој ме повика на мојот роденден да одам кај него за да служиме заедно света Литургија, а потоа доручкувавме. Беше многу расположен, ме прашуваше за многу работи… Одлично се сеќаваше дури и на мали детали за моето семејство, за мојата мајка, дури и за мачките на мојата мајка! Секако, телесно е многу слаб. Има речиси 91 година, но мојата мајка која има – како што рече – „само“ 82 години, не е повеќе со таква телесна сила како тој – рече монсињорот.

Дали луѓето во текот на изминатите пет години го сфатија тој изненадувачки гест на Бенедикт XVI? Според мислењето на монс. Хуереба има уште луѓе кои не го разбрале во целост. Тоа беше извореден гест – истакна монсињорот. Тој посебно во текот на летот кон Мексико сфатил дека повеќе не е во состојба да оди на долги патувања. Не долго потоа после беше Светскиот ден на млади во Бразил, беше свесен дека повеќе не е во состојба да патува, да го поднесе целиот тој товар… Затоа го направи тоа, според моето мислење, херојски гест, затоа што мислеше најмногу на Црквата, на љубвта кон Црквата која беше многу посилна отколку кон самиот себе, кон сопственото его. Не се грижеше што луѓето или целата средина можат да кажат за него – рече монс. Хуереб и истакна: Секогаш остануваше мирен, од моментот кога сфати дека Бог ја бара од него таа одлука.

Уште еден момент кој монс. Хуереб не може да го заборави е моментот кога папата Фрањо веднаш откако е избран, и пред да излезе пред светот, во ложата на базиликата свети Петар, се обиде да му се јави на папата Бенедикт. Ние бевме во салата со телевизорот каде секогаш го стишувам мобилниот телефон, и така не слушнавме кога тој заѕвонил, и тоа е причината заради која помина доста време до излегувањето на папата Фрањо во ложата. После ни јавија дека папата Фрањо ќе ни се јави после вечерата. Кога пристигна тој телефонски повик, му го дадов телефонот на папата Бенедикт и слушнав како рече; „Ваша Светост, од овој моменент Ви ја ветувам својата целосна послушност и молитва.“ Тие се моменти кои не можам да ги заборавам – додаде монс. Хуереб.

На новинарско прашање кој е најголемиот дар кој Бенедикт XVI и го дал на Црквата во текот на овие години на служење и молитва, останувајќи на – како што сам рече – на просторот на Свети Петар, монсињорот истакна дека одлучил да живее повлечен живот токму за да се подготви за конечната средба со Господ, додека тоа го живее во длабока духовност, молејќи и пренесувајќи и ја слабоста на своето здравје во корист на Црквата, за Папата и за Црквата – рече монс. Хуереб.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот