Папата: Данте Алигиери бил пророк на надежта

Бил пророк на надежта и навестител за можното откупување на секој маж и жена, стои во пораката на Светиот Отец упатена до кардинал Раваси, претседател на Папскиот совет за култура, на денот кога во Италија свечено се прославува 750 години од раѓањето на Данте Алигиери.

Во стиховите на Данте Светиот Отец забележува можност за обнова, која доаѓа од срцето, ако се отвора кон возвишената димензија. Данте нè повикува одново да ја откриеме изгубената или затемнетата смисла на своето човечко одење и да се надвеваме на светол хоризонт во кој светли полнината на достинството човечкото личност. Целата Божествена комедија можеме да ја сфатиме како долг пат, како вистинско лично и заедничко, црковно, општествено и историско поклонение – стои во пораката на Светиот Отец.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот