Коптскиот патријарх Тавадрос II му го честиташе Велигден на папата Фрањо

Коптскиот патријарх Тавадрос II му го честиташе Велигден на папата Фрањо

Тавадрос II поглавар на Коптската православна Црква и патријарх на Александрија му го честиташе на папата Фрањо Велигден кој голем број православни Цркви кои го следат јулијанскиот календар го слават една недела подоцна, во недела на 8 април.

Христос воскресна, навистина воскресна! Ви посакувам среќен Велигден. Тој е празникот на кој му се радуваме затоа што воскресна Исус Христос и ја победи смртта, а по поразот на смртта на крстот го направи крст на животот, спасение за целото човештво – стои во видео пораката на патријархот до папата Фрањо која во седиштето на патријархатот во Каиро ја сними католичката агенција Сир. Среќен Велигден Ваша Светост – продолжува Тавдрос. Ви посакувам добро, здравје и среќа. Секогаш ја чувствувам потребата на Вашите молитви за нас. Патријархот Тавадрос освен тоа на папата Фрањо му ја честиташе и петтата годишнина од неговиот понтификат.

Мило ми е што од Египет можам да ја испратам оваа порака до Вашата светост папата Фрањо. Ви ја честатам, Ваша Светост петтата годишнина од Вашиот избор. Во тоа среќно и благословено послание не можам да заборавам кога Ве посетив во Рим, два месеци по Вашето преземање на службата. Се доверувам на Вашите молитви за нас, а ние секогаш се потсетуваме на Вас во своите молитви. Нека Господ ја благослови Вашата служба, Вашето послание, Вашето здравје и нека Ви подари долг живот – порача на крајот коптскиот патријарх, а пренесе агенцијата Сир.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот