Папата меѓу Ромите во Кошице: „Црквата е ваш дом“

Папата меѓу Ромите во Кошице: „Црквата е ваш дом“

„Фрањо, добредојде меѓу нас“: со овој натпис на огромен билборд, ромската музика и долг аплауз, Папата беше пречекан во ромската населба Кошице Луник IX на третиот ден од неговата посета на Словачка.

Луник IX е најголемата ромска енклава во Словачка, која се смета за најголемото ромско гето во Европа. Таа е една од 22. области на градот Кошице каде живеат околу 4.300 Роми. Изградбата на областа е започната кон крајот на 1970 и првите Роми се населени таму во 1978 година. Луник IX е основан како посебна урбана област, со своја автономна управа. Проблемите на целата инфраструктура се големи: нема струја, гас и проточна вода, повеќето од жителите се невработени. Во таков контекст, на 1 јули 2008 година, оците Салезијанци отворија мисија во Луник IX, а во ноември 2010 година беше осветена црквата Воскресение Христово, дел од маалскиот Салезијански пасторален центар, изграден со помош на општината. На Средбата со ромската заедница, која се одржа на плоштадот пред Салезијанскиот центар. Папата на влезот во Центарот беше пречекан од директорот, тројца браќа и две ромски деца. Јан и неговата сопруга Барта, вклучени во работата, кои дадоа и свои сведоштва.

„Никој во Црквата не треба да се чувствува туѓ или отфрлен“, рече Папата во својот говор пред ромската заедница. Ова не е слоган, туку постоење на Црквата. Бидејќи животот на Црквата е заедница на оние што се повикани од Бога, како дел од истиот тим. Да, затоа што Бог сака да бидеме такви, секој различен, но сите обединети околу Него. Бог нѐ гледа заедно. Тоа е Црквата, семејство на браќа и сестри со ист Отец што ни го даде Исус како брат, за да разбереме колку многу Тој го сака братството и сака целото човештво да стане универзално семејство“. „Да, Црквата е дом, таа е ваш дом“.

Откако ги слушна сведоштвата на Јан и Барта, Папата истакна: „Вашиот брак сведочи повеќе од зборовите за тоа како конкретноста на заедничкиот семеен живот може да сруши многу стереотипи кои изгледаат несовладливи. Не е лесно да се живее со предрасудите, дури и меѓу христијаните. Не е лесно да се судат другите, тие често гледаат пречки или противници и судат без да ги знаат нивните лица и нивните истории.

Папата потсети на Исусовите зборови од Евангелието: „Не судете“ (Матеј 7,1). „Колку често се понижуваме самите себе и со осуда кон другите. Колку често осудите стануваат предрасуди. Ова е за да се обезличи со зборови убавината на Божјите деца, кои се наши браќа. Не може да се сведе реалноста на другиот според сопствените модели и клишеа, луѓето не можат да бидат шематизирани. За вистински да запознаете некој човек, прво мора да го признаете: да признаете дека секој во себе ја носи неодоливата убавина на Синот Божји, во која се отсликува Создателот.

Драги браќа и сестри, премногу пати сте биле предмет на предрасуди и безмилосни осуди, на дискриминаторски стереотипи, на клеветнички зборови и навредливи гестови. Со ова сите ние станавме посиромашни, посиромашни во човештвото. Она што ни треба за да го вратиме достоинството е да преминеме од предрасуди кон дијалог, од затворање кон интеграција“.

„Но, што треба да се направи?“, праша Папата реторички. Одговорот е даден во сведоштвата на другата ромска двојка, Никола и Рене, чија љубовна приказна се роди и процвета благодарение на блискоста и охрабрувањата што ги добија:

„Се чувствувавте одговорни и сакавте да работите; се чувствувавте сакано и пораснавте сакајќи да им дадете нешто повеќе на вашите деца “, рече папата. Така, ни дадовте вредна порака: каде што има грижа за човекот, каде што има пасторална работа, каде што има трпение и конкретност, плодовите не доцнат. Не веднаш, но со текот на времето, тие пристигнуваат.

„Осудите и предрасудите само ја зголемуваат дистанцата. Спротивставувањето и силните зборови не помагаат. Гетоизирањето на луѓе не решава ништо. Кога затворањето се поддржува, порано или подоцна избувнува гнев. Патот до мирен соживот е интеграцијата. Тоа е органски, бавен и процес важен за животот, кој започнува со меѓусебно познавање, продолжува трпеливо и гледа кон иднината“.

Упатувајќи го погледот кон децата, чии големи соништа не смеат да бидат уништени од нашите бариери, папата Фрањо рече: „Тие се нашиот водич. Тие сакаат да растат со другите без пречки и забрани. Тие заслужуваат интегриран и слободен живот. Тие се оние кои го мотивираат далекусежниот избор, кој не бара непосредна согласност, туку гледа во иднината на секого. Мора да се направи храбар избор за децата: за нивното достоинство, за нивното образование, за да пораснат вкоренети во нивното потекло, но во исто време нивните можности да не се ограничени “.

На крајот, Папата ги повика сите жители на Луник IX со доверба, чекор по чекор да ги надминат стравовите, раните од минатото, со „чесна работа, достојна да заработат за живот и со негување меѓусебна доверба“. И молитва да молиме еден за друг, бидејќи тоа е она што нѐ води и ни дава сила.

Пред да се раздели со ромската заедница, Папата го сподели својот апостолски благослов: „Ве охрабрувам, ве благословувам и ве прегрнувам во име на целата Црква. Благодарам. Паликерав.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот