Папата во Бразил ќе биде сместен во студентски центар
Ватикан, 16.7.2013 /к.мк/ – За време на својот престој во Бразил, Папата ќе престојува во куќата за гости во бискупискиот образовен центар – Студентски центар Сумаре (Centro de Estudos do Sumare) во северниот дел на Рио де Жанеиро. Во образовниот центар, меѓу останатите, заседава и Бразилската епископска конференција. Како што пренесува Катпрес, Папата Фрањо одбил голем апартман во гостинската куќа и замолил да му се додели една соба која ја користат бразилските кардинали на своето годишно собрание. Во куќата за гости веќе престојувал Иван Павле II за време на своето патување во Бразил 1980 и 1997, потоа Јозеф Рацингер како кардинал во 2004, една година година ден пред изборот за Папа.
Заедно со Папата Фрањо во зградата на образовниот центар која е сместена во парк од 22 до 29 јули ќе престојуваат и 40 членови на папскиот персонал од Ватикан. Во текот на разгледувањето на центарот организирано за новинарите, поглаварката сестра Терезиња Фернандез ги претстави и кулинарските специјалитети кои ќе му бидат понудени на Папата.
Папата во Бразил ќе пристигне во понеделник 22 јули. Во 16 часот (21 часот по средноевропско време) ќе има службен прием на меѓународниот аеродром Галеао/ Антонио Карлос Хобим во Рио. Набрзо потоа ќе има свечен пречек и во градината на палатата Гуанабара, каде Папата ќе го одржи својот прв говор.
Пред Палатата на владата Папата ќе го пречекат претставници на власта, најнапред преседателката Дилма Рожусеф, потоа премиерот на сојузната држава Рио де Жанеиро, Серхио Кабрал, а потоа и градоначалникот Едуардо Паес. После тоа во вечерните часови Папата со папамобилот ќе тргне за Сумаре. (Д.И.)