Заврши 15. средба на Кардиналскиот совет

Директорот на прес службата на Светиот Престол, о. Федерико Ломбарди, на 8 јуни одржи брифинг за 15. средба на Кардиналскиот. Средбата траеше три дена, од понеделник до среда. Беа присутни сите членови на советот, а Папата учествуваше на најголем дел од заседанието.

Голем дел од работата беше посветена на понатамошните размислувања за разни дикастерии на Римската курија, во вид на нова апостолска конституција, особено по прашањето за Конгрегацијата за епископите, Државниот секретаријат, потоа Конгрегациите за католичко воспитување, Источните Цркви, како и Папскиот совет за култура, промовирањето на единство на христијаните и меѓурелигиски дијалог.

Резултатите од размислувањата во текот на претходните средби за останатите конгрегации се предадени на Светиот Отец на понатамошно разгледување и консултации според неговата одлука. Претставени се и одредени критериуми, како поедноставување, усогласување на задачи за различни организации и можни облици на децентрализација во однос на бискупските конференции. Кардиналите Пел и Маркс претставија извештај за работата во своето подрачје – Секретаријатот за економија, односно Советот за економија.

Монс. Дарио Едоардо Вигано ги извести кардиналите за Секретаријатот за комуникации и процесот на реформи на ватиканските медиуми особено по прашањето за Радио Ватикан и Ватиканскиот телевезиски центар. Кардинал О’Малеј, пак, членовите на советот ги информираше за активностите на Комисијата за заштита на децата, а исто така, стана збор и за Папското неодманешн мото проприо „Како гржлива мајка“. Следната средба на кардиналите ќе се одржи од 12 до 14 септември и од 12 до 14 декември оваа година.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот