Папата: Никогаш да не ги напуштаме болните

Папата: Никогаш да не ги напуштаме болните

Соочени со новите предизвици кои се јауваат кога станува збор за прашања кои се однесуваат за „крајот на животот“, категорички императив е никогаш да не ги напуштиме болните – истакна папата Фрањо во писмото кое го испрати до учесниците на европската регионална средба на Светската медицинска организација, која овие денови се одржува во Ватикан, а на која ќе се разговара за прашања поврзани за крајот на животот.

Тешкотиите поврзани со ситуацијата кога сме пред прагот на човечката смрт, како и тежината на одлуката која треба да ја донесеме, може да нѐ доведе во искушенија да се оддалечиме од пациентот. Но затоа сме тука, повикани сме да ја искажеме љубовта и близината, препознавајќи го ограничувањето кое го делиме и да ја покажеме својата солидарност – истакна Светиот Отец.

Во својата порака Папата поттикна на поголема мудрост во изнаоѓањето рамнотежа помеѓу медицинските напори за продлжување на животот и одговорната одлука да се скрати лекувањето кога смртта е неизбежна. Јасно е дека неприфаќањето или запирањето на несразмерни критериуми значи избегнување на поревно лекување – стои во пораката. Од етички поглед тоа во потполност се разликува од евтаназијата, која секогаш е погрешна, бидејќи цел на евтаназцијата е да се скрати животот и да се усмрти.

Светиот Отец призна дека често е тешко да се одреди исправниот начин за делување, посебно во сложените ситуации. Мора да се има внимателно расудување кое ќе ги зеде во обѕир моралниот објект, околностите и намерите на вклучените – напомена Папата, упатувајќи на традиционалните норми од моралната теологија за проценка на човечкото делување. Но во тој процес пациентот треба да ја има главната улога.

Папата иста така постави прашање за системската склоност кон растечката нееднаквост во здравствената грижа како глобално – и тоа посебно меѓу различните континенти – така и во поединечните земји, посебно во богатите, каде можностите за здравствена нега често зависат од економските ресурси, отколку од вистинската потреба за лекување.

Важно е – пишува Папата – да се најдат решенија за тие чувствителни прашања. Тој исто така ја истакна и потребата од препознавање на различните погледи кон светот и етичките системи, но исто така напомена дека е должност на државите да го заштитат достоинството  на секоја човечка личност, посебно оние најранливите.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот