Папата Фрањо: Родителите кои се соочуваат со предизвици од љубов кон своите деца се херои

Папата Фрањо: Родителите кои се соочуваат со предизвици од љубов кон своите деца се херои

Зборувајќи за ватиканските медиуми на тема татковство и семејство во поглед на сведоштвото на свети Јосиф, папата Фрањо ги охрабри мајките и татковците кои секојдневно се борат да им дадат на своите деца иднина со надеж.

Папата Фрањо ги нарекува „херои“, мислејќи на родителите срушени од пандемијата; оние кои бараат подобра иднина за своите деца со мигрирање; оние кои страдаат. Папата вели дека нивната храброст е херојска, а тоа го истакна во интервју за ватиканските медиуми водено од директорот на L’Osservatore Romano, Андреа Монда и заменик директор на програмата на Дикастеријата за комуникации, Алесандро Гизоти. Во позадина на разговорот беше посебната година посветена на свети Јосиф, која заврши на 8 декември и серијата катехези во кои од 17 ноември 2021 година Папата зборува за заштитникот на целата Црква.

Ја чувствувам многу блиска драмата на татковци и мајки кои поминуваат низ посебни тешкотии, отежнати пред сѐ поради пандемијата – рече Папата. Мислам дека не е лесно страдањето со кое мора да се соочат оние кои не успеваат да обезбедат леб за своите деца и се чувствуваат одговорни за животите на другите. Токму на овие лица папата Фрањо им ја вети неговата молитва, близина и поддршка, не само за неговата лична, туку и на целата Црква.

Родители, Папата не ве заборава!

Мислите на Папата исто така се однесуваат на многу татковци, мајки и цели семејства, кои бегаат од војни, кои се отфрлени од границите на Европа и други места, кои живеат во ситуации на болка и неправда и никој не ги сфаќа сериозно или намерно ги игнорираат. Сакам да кажам дека за мене тие се херои, бидејќи во нив ја наоѓам храброста на оние кои го ризикуваат сопствениот живот од љубов кон своите деца, кон своето семејство – објасни Папата.

Осврнувајќи се на Марија и Јосиф, кои го искусиле прогонствотот во туѓа земја за да го избегнат насилството на Ирод, Папата истакна дека нивното страдање ги прави блиски со браќата кои денес ги трпат истите искушенија. Затоа ги поттикна денешните татковци со доверба да се обратат кон свети Јосиф, знаејќи дека и тој како татко ја доживеал истата неправда. Ги охрабри и да не се чувствуваат сами, бидејќи – како што рече – Папата секогаш се сеќава на нив и колку што е можно ќе им даде глас и нема да ги заборави.

Свети Јосиф, светол сведок во мрачни времиња

Папата Фрањо потоа се фокусираше на ликот на Исусовиот земски татко и хранител, со кого рече дека чувствува хармонија која датира од неговото детство и која продолжи во Петровата служба Петар, која започна на 19 март, на празникот Свети Јосиф. Нормален човек, но и важен протагонист на почетокот на историјата на спасението, Јосиф е тој што го бранеше Исус, го хранеше, овозможи да расте. Тој е човек на тешки времиња – додаде Папата – кој знае да преземе одговорност и кој, пред сè, поврзува две карактеристики: знае да го слуша Бога и да биде конкретен во справувањето со проблемите без да се преправа дека е жртва. Јосиф реагира на пречките, верувајќи во Бога како би најдел креативно решение. Затоа, во мрачните времиња предизвикани од пандемијата, тој е голем сведок кој ни помага да го најдеме својот пат.

Татковците не се раѓаат, туку се станува татко

Никој не се раѓа како татко, туку се станува – истакна Папата. Затоа денешните татковци се повикани да гледаат на земниот татко на Исус како пример. Имено, Јосиф бил толку добар татко што во љубовта и татковството на овој човек Исус ја наоѓа најубавата поддршка што може да му ја даде Бога, односно Отецот. Во таа смисла – објасни Папата – денешните деца кои утре ќе станат татковци треба да се запрашаат какви татковци имале и какви татковци сакаат да станат, за да не дозволат улогата на татко да биде резултат на случајност или едноставна последица од минатото, туу да одлучат како да сакаат.

Татковците треба да бидат поддршка, никогаш пречка за нивните деца

Една од најубавите карактеристики на љубовта, а не само на татковството, е слободата – рече папата Фрањо. Како што Јосиф се грижи за Исус, никогаш не присвојувајќи го, никогаш не сакајќи да манипулира со него, така добриот татко знае да направи чекор назад во вистинско време за да го направи својот син да се истакне со својата уникатност, со неговиот повик. Всушност, најодлучувачкиот аспект на љубовта на Јосиф кон Исус е токму неговата понизност, неговото напуштање на сцената за да блесне Исус во целото негово послание, добивајќи поддршка од земниот татко, а не пречка.

Црквата да биде не само мајчинска, туку и татковска

Поимот татковство се однесува и на Црквата – рече Папата. Навистина, таа е мајка во практикувањето на милосрдието, но треба да биде и татковска – а не патерналистичка – затоа што треба да има потполно татковска способност да ги подготвува децата да ги преземат сопствените одговорности, остварување на сопствената слобода и да донесуваат одлуки. Во актуелниот историски период, во кој младите многу често се плашат да одлучуваат, да се вклучат, задача на Црквата е да ги поттикнува и да им овозможи важни одлуки. Исто како што тоа го прави еден татко – објасни Папата – кој не ти вели дека секогаш се ќе биде во ред, туку дека ќе можеш да се соочиш и достоинствено да живееш со евентуалните тешкотии и неуспеси.

Важноста на духовниот отец

Папата зборуваше и за „духовното татковство“ и за тоа како свештениците треба да научат да бидат татковци, почнувајќи од тоа да се препознаваат себеси како деца Божји и деца на Црквата. Ако добриот татко, човечки гледано, е таков затоа што му помага на синот да се формира, давајќи му слобода и охрабрувајќи го да донесува важни одлуки, тој е исто толку добар духовен отец, а не кога ќе ја замени совеста на оние кои му се доверуваат, туку кога дискретно и решително ќе успее да го покаже патот, да помогне во распознавањето.

Духовното татковство, кое често е дар кој доаѓа најмногу од искуство, денес е потребно повеќе од кога било, бидејќи има итна потреба од смислени односи. Затоа Папата повикува на „духовно мајчинство“, односно „улога на придружба“ која вклучува многу добри монахињи, посветени жени и многу лаици, кои своето големо богатство на искуство ќе го споделат со другите – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот