Папата до доминиканскиот народ: Одете соединети во братството

Папата до доминиканскиот народ: Одете соединети во братството

По повод јубилејната година Алтаграција, Папата упати порака до доминиканскиот народ во која посочува дека Богородица нè поттикнува да се грижиме и да го запалиме пламенот на надежта што ни го оставиле нашите предци како наследство во верата.

Ве поттикнувам да не се колебате во сведочењето на верата, да ја зачувате и зацврстите, со примерот и посредништвото на Дева Марија, вашата љубов кон Исус и кон Црквата – напиша папата Фрањо во својата порака до доминиканскиот народ по повод јубилејната година Алтаграција, која беше прогласена од епископската конференција на Доминиканската Република во спомен на стогодишнината од канонското крунисување на иконата на Пресвета Богородица од Алтаграција, царица и заштитничка на таа земја.

Таа маријанска побожност што ја чувствувате е многу големг знак на христијанските корени кои ја обележуваат и ѝ даваат живот на вашата земја – истакна Папата и додаде дека побарал од надбискупот Едгар Пења Пара, заменик за општи работи во Државниот секретаријат, да положи златна роза пред иконата на Мајката од Алтаграција во знак на неговата синовска преданост.

Одржувајте го запалениот пламен на надежта

Папата Фрањо потсети и како Пресвета Богородица од Алтаграсија била извор на единство за доминиканскиот народ во тешките моменти. Погледот на Мајката полн со љубов што го гледа Детето е покана да научиме да гледаме, преку нејзините очи во Исус, кој е присутен во нашиот ближен и да запомниме дека сме дел од истото човечко семејство повикано на братски и солидарен заеднички живот. Богородица нè поттикнува – додаде тој – да го зачуваме и да го одржуваме запалениот пламен на надеж што ни го предале со вера нашите предци и понизно да им го пренесуваме на другите, верувајќи во Господовата милост.

Да чекориме без разлика на поделбите и недовербата

Светиот Отец ги поттикна Доминиканците да не се плашат да одат сите заедно, без разлика на поделбите и недовербата, обединети во братство, во насоката што Исус ја покажува во Евангелието. Тој ги охрабри да не се колебаат едноставно да ја бараат Божјата волја, бидејќи Тој е Отец на нежност кој ги прегрнува сите и никогаш не нè напушта. Да веруваме дека неговата божествена светлина ги преобразува срцата и ги води на средба со Него и со неговите браќа. Имајте вера дека силата на Светиот Дух не поттикнува радосно и упорно да правиме дела на љубов и добро во корист на оние на кои тоа им е најпотребно – напиша Папата на крајот од пораката.

Богородица од Алтаграција

Иконата на Пресвета Богородица од Алтаграција беше крунисана од папата Пиј XI на 15 август 1922 година и папата Иван Павле II на 12 октомври 1992 година, за време на втората посета на Свети Иван Павле II. на таа земја

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот