Папата на новите гардисти им порача да ја продлабочат верата

По свечената заклетва на швајцарските гардисти на 6 мај 2016 година, Светиот Отец на 7 мај 2016 година се сретна со нив рече: Среќен сум што се сретнав со вас и славам, па и да ви изразам почит и благодарност за вашето служење, подготвеност и верност на Светиот Престол.

Посебно ги поздравувам новите гардисти и нивните роднини како и присутните претставници на швајцарските власти. Убаво е да се видат млади како што сте вие кои посветуваат на Црквата неколку години од својот живот, поточно на Петровиот наследник, а тоа е единствена можност за раст во верата, за живеење на универзалоноста на Црквата и за искуството на братство.

Раст во верата

Повикани сте својата работа да ја живеете како послание кое ви го доверува самиот Господ; да го искористите времето кое ќе го поминете во Рим центарот на христијанството за продлабочување на пријателството со Исус и да одите кон целта на вистинскиот христијански живот односно кон светоста. Затоа ве повикувам својот дух да го храните со молитва и слушање на Словото Божјо; побожно да учествувате на светата Литургија и да негувате синовска побожност кон Дева Марија и работејќи храбро и верно секој ден да го остварите своето посебно послание – рече Папата.

Доживувањето на универзалноста на Црквата

Апостолските гробови како и седиштето на Римскиот епископ се раскрсницата на поклониците кои доаѓаат од целиот свет. Вие можете со рака да го допрете мајчинството на Црквата која во сопственото единство ја прифаќа различноста на бројните народи. Можете да сретнете луѓе со разни јазици, традиции и култура кои се чувствуваат како браќа затоа што ги обединува верата во Исус Христос. Добро ќе ви дојде откривање на нивното христијанско сведочење како и тоа вие да го дадете своето светло и радосно евангелско сведоштво – рече папата Фрањо.

Да се живее братството

Многу е важно да бидете внимателни едни кон други, во секојдневната работа да се подржувате и взаемно да се збогатувате, секогаш имајќи на ум дека „поблажено е да се дава отколку да се прима“ (Дела 20, 35). Вреднувајте го заедничкиот живот, делењето на радосните и тешките моменти, покажувајќи внимание кон оној кој се наоѓа во тешкотија, а потребна му е вашата насмевка, охрабрување и пријателство. Однесувајќи се така полесно ќе се носите со малите и тешки задачи во секојдневната служба, сведочејќи љубезност и гостољубивост, алтруизам и хуманост кон сите – рече Папата.

Драги швајцарски гардисти сакам ревно да ги живеете своите денови, постојани во верата и великодушни во љубовта кон луѓето кои ги сретнувате. Нека ви помогне Мајка Марија која на посебен начин ја почитуваме во месец мај, секој ден сѐ повеќе вкусувајте го длабокото заедништво со Бог кое за нас христијаните започнува на земјата, а во небото ќе биде целосно. Повикани сме навистина како што вели свети Павле да бидете „сожители на светиите и свои на Бог“ (Ефес. 2, 19). Вас, вашите семејства, вашите пријатели и сите оние кои во оваа пригода се дојдени во Рим ги доверувам на застапништвоттот на Богородица и на вашите небесни заштитници свети Мартин и Себастијан. Ве молам да молете за мене, а од срце ви го поделувам апостолскиот благослов – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот