Папата до новите кардинали: Работете за повеќе „симфониска и синодална црква“

Папата до новите кардинали: Работете за повеќе „симфониска и синодална црква“

На плоштадот Свeти Петар во Ватикан, на 30 септември 2023 година, папата Фрањо ја предводеше светата Литургија по повод редовниот конзистоирум на кој именуваше 21 нов кардинал, од кои 18 се електори, а тројца се постари од 80 години.

Во својата проповед за време на конзистоирумот, Светиот Отец размислуваше за единството и различноста во Католичката црква, нагласувајќи ја важноста на синодалноста под водство на Светиот Дух, „господарот на заедничкото патување“.

„Кардиналскиот колегиум е повикан да наликува на симфониски оркестар, претставувајќи ја хармонијата и синодалноста на Црквата“, рече Папата, осврнувајќи се на читањето од Дела на Светите Апостоли, кое зборува за Педесетница, во која апостолите беа исполнети со Светиот Дух и го примија дарот на јазици додека навестуваа на различни народи (Дела 2,1-11). Светиот Отец го сврте вниманието на сличноста меѓу луѓето од различни националности и јазици кои ги слушаа апостолите и бискупите и кардиналите на денешницата кои доаѓаат „од сите страни на светот, од најразлични народи“.

Затоа, тој истакна дека пред да бидат „апостоли“, пред да бидат свештеници, бискупи, кардинали, пастири, треба да запомнат дека „Партијците, Медијците, Еламитите и останатите“ се како оние преобратените Евреи и треба да бидат благодарни „што ја примија благодат на светото Евангелието на нивниот јазик преку нивните баби и дедовци, родители, катехисти, свештеници и монаси“.

„Навистина, ние сме евангелизатори до таа мера што во нашите срца негуваме восхит и благодарност што сме биле евангелизирани, и мора постојано да се обновува во нашите сеќавања и во нашата вера“, додаде Папата, истакнувајќи дека „Педесетница не е минато“ туку „создателен чин, кој Бог постојано го обновува“, и дека „Црквата и секој крстен член ја живее Божјата сегашност, преку делувањето на Светиот Дух“.

Потсетувајќи на сликата на добро наштиман оркестар, Светиот Отец нагласи дека диригентот е повикан да помогне „секој човек и целиот оркестар да ја развие најголемата креативна верност“. Затоа го повика Кардиналскиот колегиум да работи за „сè похармонична и синодална црква“ која има доверба во Светиот Дух кој „создава различност и единство“ но и „самиот е хармонија“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот