Папата го објави новиот Устав на Малтешкиот ред и именува привремен совет

Папата го објави новиот Устав на Малтешкиот ред и именува привремен совет

Новите одредби стапуваат на сила веднаш. Вонредното Генерално собрание е свикано за 25 јануари 2023 година. Папата Фрањо истакнува дека Редот отсекогаш уживал посебна заштита на Светиот Престол.

Папата на 3 септември 2022 година ја објави новата Уставна повелба и придружниот кодекс на Суверените витези од Ерусалим, Родос и Болничкиот ред Свети Иван od Малта. Со декретот се утврдува одземање на високите функции, распуштање на претходниот врховен совет, формирање на привремен врховен совет, како и свикување на вонредно Генерално собрание за 25 јануари 2023 година, на празникот Преобраќање на Свети Павле.

Во текстот на декретот, папата Фрањо истакнува дека Редот „отсекогаш уживал посебна заштита на Апостолскиот Престол“, нагласувајќи дека низ вековите различни Папи „интервенирале за да го потврдат идентитетот, да ја одржат активноста, да помогнат во надминувањето на кризите и да гарантираат постоењето и развојот на Ерусалимскиот ред, исто така во неговите прерогативи на суверенитет во меѓународната сфера“.

Папата потсетува и дека привилегиите на самиот Ред не претставуваат збир на овластувања и привилегии на суверени ентитети „во целосна смисла на зборот“, како што е наведено во пресудата од 24 јануари 1953 година, издадена од Кардиналскиот суд. Како верски Ред, според тоа, „во своите различни артикулации зависи од Светиот Престол“.

Папата Фрањо објаснува дека со текот на годините го следел патот на Редот „со татковска грижа и внимание“, ценејќи ги неговите дела во различни делови на светот, „исто така благодарение на дарежливиот придонес на членовите и волонтерите, а исто така нагласувајќи ја потребата за иницирање длабока морална и институционална духовна обнова на целиот Ред, не само на членовите на првото одделение, туку и на оние од второто“.

Папата му ја довери „важната реформска работа“ на својот специјален пратеник, кардиналот Силвано Марија Томази, кој исто така е задолжен за ревидирање на Уставната повелба и Мелитеншкиот законик, како и подготвка, заедно со Големиот мајстор, на вонредното генерално собрание.

„Преземени се многу чекори – истакнува папата Фрањо – но исто толку препреки и тешкотии имаше на патот“.

Оттука и декретот со кој се заокружува процесот на обнова и кој предвидува назначување на нови членови на привремениот суверен совет кој го сочинуваат: Големиот командант Фра Емануел Русо, големиот канцелар Рикардо Патерно од Монтекуп, Големиот болничар Фра Алесандро де Францисис, Чувателот на заедничкото добро Фабрицио Колона и фра Роберто Виацо, фра Ричард Волф, фра Џон Еидинов, фра Жоао Аугусто Ескивел Фреире де Андраде, фра Матие Дупон, Антонио Занарди Ланди, Мајкл Грејс, Френсис Џозеф Мекарти, Маријано Хуго Виндиш-Грејц.

На крајот папата Фрањо со декрет му ги потврди на својот специјален пратеник „сите досега дадени овластувања“ до крајот на вонредното Генерално собрание.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот