Божјото слово не е идеологија, туку живот

Божјото слово не е идеологија, туку живот

Млаките и дволичните христијани секогаш прифаќаат компромис

„Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог“ (Евреите 3,7-14).Тоа е пораката и предупредувањето – рече папата Фрањо на проповедта на светата Литургија, која ја служеше во четврток 17 јануари 2019 година во капелата на домот Света Марта и додаде: Авторот на Посланието до Евреите, чиј што дел го слушнавме во денешната Литургија упати порака до христијанската заедница, која, со сите свои членови, а посебно свештениците, епископите и монасите и монахињи, се соочува со искушението на изопачено срце.

Што значи тоа предупредување? – праша Папата и истакна: Од првото читање на денешната Литургија произлегуваат три збора: тврдост, тврдоглавост и заведување. Тврдото срце е затворено срце, кое не сака да расте, постојано се брани и затвора. Тоа може да се случи, поради повеќето фактори кои влијаат, на пример поради голема болка во животот, затоа што ударите ја стврднуваат кожата. Тоа им се случило и на учениците на патот за Емаус и на свети Тома. Оној кој ќе го задржи тој лош став е малодушен, а малодушното срце е изопачено.

Можеме да се прашаме: Имаме ли тврдо или затворено срце? Дали дозволуваме нашето срце да расте? Дали се плашиме од неговото растење? – рече Папата и напомена: Сепак се расте преку искушенијата и тешкотиите, се расте како што сите растеме како деца; учиме да одиме паѓајќи, почнуваме од лазење до чекорење и колку пати сме паднале! Но, се расте со тешкотиите. Напротив кој ќе остане во тврдоста и затвореноста е малодушен. Малодушноста е лошо однесување кое не е христијанско и му недостасува животна храброст. Кој се затвора, тој е плашлив.

„Да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“ – стои во посланието до Евреите и тоа е оптужбата која Стефан ја упатува до оние кои покасно ќе го каменуваат – рече папата Фрањо и додаде: Тврдоглавоста е духовна своеглавост; тврдото срце е одметничко, своеглаво, затворено во своите мисли и затворено за Светиот Дух. Тоа е одлика на идеолозите, кои се горделиви и надувани. Тврдоглавоста е идеологија. Божјото слово, милоста на Светиот Дух не е идеологија, туку живот, кое ни дава да растеме, секогаш да напредуваме и да го отвораме срцето за знаците на Светиот Дух и знаците на времето.

Но тврдоглавоста исто така е горделивост и надуеност – рече Папата и додаде: Свеоглавоста и тапоста прават многу зло. Оние кои се затворени во срцето и се тврди, се плашливи. Идеолозите се тврдоглави и своеглави. Имаме ли тврдоглаво срце? Секој нека се замисли. Дали сме способни да ги слушаме другите луѓе? Ако мислиме поинаку треба да кажеме: Но јас мислам вака… Дали сме способни да дијалогизираме? Тврдоглавите не дијалогизираат, не знаат да го прават тоа, секогаш се бранат со идеите. Тие се идеолози. Големо зло на Божјиот народ му прават идеологиите, затоа што го затвораат делувањето на Светиот Дух – истакна Папата.

Заводливоста на гревот го предизвикува ѓаволот, големиот заводник, голем теолог, но без вера и полн со омраза, кој сака да влезе во срцето како би завладеал со него и знае како да го направи тоа – рече Светиот Отец и објасни: Значи расипаното срце е она кое дозволува да биде заведено и заводливоста го води кон тврдоглавост, во затвореност и во многу други работи. Што се однесува токму на заводливоста, или ќе се преобратиме и ќе го промениме животот, или ќе бараме компромис. Ако одлучиме да го следиме Господ, но, ни се допаѓа некое задоволство кое малку ќе си го дозволиме, почнуваме да водиме дволичен христијански живот.

Во врска со тоа можеме да се присетиме на зборовите од пророкот Илија кој му вели на народот: „Куцате на дете нозе“ – рече папата Фрањо и објасни: Да се куца не двете нозе и да се нема ниту една стабилна, тоа е живот со компромис. „Христијани сме, го следиме Господ, но на нешто ќе му дозволиме да влезе во нашиот живот“. Тоа го праат млаките и дволичните христијани, кои секогаш прифаќаат компромис. И ние тоа често го правиме, прифаќаме компромис. Кога Господ ќе ни го покаже патот со своите заповеди и вдахновенијата на Светиот Дух, на нас сепак ни се допаѓа уште нешто и се обидуваме да одиме на двата колосека, куцајќи на двете нозе.

Светиот Дух нека нѐ просветли како никој не би имал расипано и тврдо срце кое води во малодушност, тврдоглаво срце кое води во побуна и идеологија, заведено срце кое го води христијанска дволичност – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот