Папата: Верата им дава хармонија на семејствата, на Црквата и на светот

Папата: Верата им дава хармонија на семејствата, на Црквата и на светот

Светиот Отец во петок 26 август 2022 година го прими големото семејство на Педро Марија Гимараес де Мело, кое е на ходочастие во Ватикан. Токму овие претприемачи нудат работа на повеќе од илјада луѓе, а побараа од папата Фрањо да се моли за семејствата, бремените и за здравјето на нивните роднини. Во својот говор Светиот Отец потсети дека молитвата помага да се одржи верата жива и ги поттикна да го насочат погледот кон Исусовото распетие.

Големо и сложно семејство – вака папата Фрањо го опиша семејството на Педро Марија Гимараес де Мело, кое е на ходочастие во Ватикан. Тоа е португалско семејство на претприемачи со повеќе од 100 години историја, а денес има околу 140 членови. Семејството го прими и папата Иван Павле II. во 1998 година.

Заблагодарувајќи им се за нивното „сведоштво со љубов кон Црквата“, Папата го цитираше Псалмот 132: „Колку е убавo и колку е мило кога браќата живеат заедно! Тоа е како миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова“ (Псалм 133, 1-2).

Мирото, објасни Папата, е убава слика на соединувањето, радост на заедништвото. Во исто време, тоа е слика на верата која ги зацврстува нашите врски и преку Светиот Дух овозможува хармонија во семејствата, во Црквата и во светот.

„Ве поттинувам никогаш да не останете без мирото на верата во вашите светилки (сп. Матеј 25,1-13).

На тој начин, во одредена смисла, се соработува со Божјата благодат, истакна Папата, нагласувајќи дека Господовото присуство го доживуваме особено во Светите Тајни и при размислувањето на Неговото Слово.

„Молитвата ни помага да ја одржиме нашата вера жива; го чуваме мирото на верата честопати насочувајќи ги нашите мисли кон Господа: гледањето на сликата на распетието може многу да ни помогне, да ги насочиме очите кон Исуса“.

Своето обраќање Светиот Отец го заврши, повикувајќи го тоа семејство претприемачи да оди напред по патот на верата, со доверба во добрината на Господа и во заштитата на Пресвета Богородица.

Ватикан њуз/.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот