Мисијата основана од свети Џуниперо е воздигната во базилика

Мисијата основана од свети Џуниперо е воздигната во базилика

Надбискупот од Лос Анџелес на 15 јули објави дека папата Фрањо мисионерската црква „Свети Бонавентура“ во Вентура, која е основана од свети Џунипер Сера ја воздигна во чест на мала базилика. Тоа е 88. базилика во САД, 6. во Калифорнија, а прва во Лос Анџелес.

Оваа мисионерска црква ја основал свети Џунипер Сера на Велигден 1782 година. Тоа била деветта и последна мисија која ја основал тој фрањевски мисионер. Првата црква изгореле во пожар, а сегашната градба е довршена 1809 година.

На празникот свети Бонавентура, 15 јули, надбискупот на Лос Анџелес Хозе Гомез служеше посебна света Литургија во Мисијата во заедништво со помошниот бискуп Роберт Барон и месниот парох Том Елуват. „Кога Папата именува базилика тоа значи дека ова тло е свето, дека тука се случило нешто прекрасно и важно во историјата на спасението“ – истакнува надбискупот Гомез. Тој додаде дека ова е место каде што се спасуваат грешниците и стануваат светци.

Парохот Елуват рече дека насловот базилика е чест која ја надминува Мисијата и Надбискупијата, но носии „поголема одговорност при водење на парохијата и парохјаните во откривање нови патишта за евангелизација во духот на свети Џунипер Сера и свети Бонавентура.

И покрај тоа што свети Џунипер бил бранител на угнетените, неговите статуи се мета за напади во протестите против расизмот, посебно во Калифорнија. Освен неговите последните денови се осквернети и статуите на Исус, Блажена Дева Марија и други светци. Другата Мисија која во Лос Анџелес, која ја основа свети Џунипер изгоре на 11 јули оваа година, а причината уште е непозната.

Надбискупот Гомез изјави на 29 јуни: „Оние кои го напаѓаат добриот глас на свети Џунипер и ги уништуваат неговите споменици не го познаваат неговиот вистински карактер, ниту пак вистинските историски факти“. Тој додаде дека поради безбедносната ситуација во Калифорнија најверојатно ќе треба да се „преместат некои статуи на нашиот сакан светец, во спротивно се ризикува нивно осквернување“.

Затоа градското собрание на Вентура одлучи од градското собрание да се отстрани дрвената статуа на свети Џунипер, а бронзената статуа пред собранието да се премести во Мисијата „Свети Бонавентура“, јавува CNA.

Црквите со наслов мала базилика на посебен начин се поврзани со Папата и Рим и служат како знак и симбол на универзалноста на Црквата. За да го добијат тој наслов црквите треба да бидат центар на пасторалниот и литургиски живот во својата бискупија, да ужива углед чувајќи мошти од некој светец, да има историско значење, да има на располагање доволен број свештеници за славење на светите Тајни, да поттикнува литургиска формација на верниците и нивно активно учество во светата Литургија, да се посвети посебно внимание на славењето света Литургија, да се истакнува единството со Папата и да биде уредно во склад со литургиските прописи.

Ватикан њузк.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот