Што ќе биде кога со Бибилијата ќе постапуваме како со нашиот мобилен?

Ќе го имаме секогаш во торбата или во џеб.

Повеќе пати во денот би погледнале во него.

Брзо ќе се вратиме дома или на работното место ако сме го заборавиле таму.

Би го употребиле за да израдуваме некој пријател со некоја порака од него.

Би постапувале со него како да не можеме да живееме без него.

На своите деца би и поклониле барем по една, за нивна сигурност, а и за да комуницираме со нив.

Разлики меѓу Светото Писмо и мобилниот телефон

Светото Писмо никогаш нема проблем со мрежата.

Со помош на него секогаш имаме добра врска, без разлика каде се наоѓаме.

Не мора да се дополнува со кредит, Исус плати за сѐ, имаме неограничени разговори и пораки.

Немаме ненадејно прекинување на комуникацијата, а батеријата секогаш е полна.

СОС броеви:

Ако си депресивен, бирајте Иван 14.

Ако си вознемирен, бирајте Псалм 51.

Ако си загрижен, бирајте Матеј 6,19-34.

Ако си во опасност, бирајте Псалм 90.

Ако ти се чини дека Створителот е многу далеку од тебе, бирајте Псалм 62.

Ако на твојата вера и треба зајакнување, бирајте Послание до Евреите 11.

Ако си осамен и во море на стравови, бирајте Псалм 22.

Ако мислиш дека си бесчувствителен и премногу критичен, бирај 1 Коритјаните 13.

Ако трагаш по тајната за вистинската среќа, бирај Колосјаните 3, 12-17.

Ако сакаш мир и сигурност, бирајте Матеј 11,25-30.

Категорија: Размислување, Свет

За авторот