Папата: Господ може многу да направи со она што му го ставаме на располагање

Папата: Господ може многу да направи со она што му го ставаме на располагање

Во наговорот пред молитвата Ангел Господов во недела 25 јули 2021 година Папата осврнувајќи се на Евангелието од денешната Литургија истакна дека Исус не ги создава лебовите и рибите од ништо, туку од она што му го донесуваат учениците. Иако тоа речиси не е ништо, за Исус е доволно. По молитвата Светиот Отец го повтори повикот на сојуз на младите и старите по повод 1. Светски ден на дедовците, бабите и старите лица.

Исус благодарение на малиот, бесплатен и јуначки дар на момчето кој дал сѐ што имал, може секој да го нахрани. Тоа за нас е голема лекција, нагласи Светиот Отец затоа што Господ може многу да направи со она што му го ставаме на располагање. Бог истакна сака да прави големи дела започнувајќи од малите, бесплатните.

Логиката на маленкост и дарување во Библијата наголемо се разликува од нашата логика. Ние сакаме да собираме, додека Исус одзема за да дарува на другите. Вистинското чудо, вели Исус не е во умножувањето кое води до гордост и моќ, туку во поделбата, делењето кое ја зголемува љубовта и овозможува Бог да прави чуда, истакна папата Фрањо.

Ниту денес умножувањето на добрата не ги решава проблемите ако нема чесна распределба, предупреди Светиот Отец. На памет ми паѓа трагедијата на гладот која посебно се случува со децата. Пресметано е како седум илјади деца помали од пет години секојдневно умираат од неисхранетост. Соочен со скандалите како овие, Исус исто така ни обраќа повик сличен на оној, кој веројатно го упатил до момчето од Евангелието кое нема име и во кое сите можеме да се пронајдеме: „Храбро дади го она малку што го имаш, своите таленти и добра, стави ги на рапсолагање на Исус и на браќата. Не плаши се, ништо нема да биде загубено затоа што ако делите Бог умножува. Исфрли ја лажната скромност и чувството на неадекватност, верувај ми. Верувајте во љубовта, во моќта на служењето и во моќта на бесплатноста.“

По молитвата, Папата по повод 1. Светски ден на дедовците, бабите и старите лица го повтори повикот на сојуз меѓу генерациите. Папата исто така се молеше за жртвите во поплавите во Кина, како и за учесниците на Олимписките игри во Токио.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот