Прва Причест во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица

Прва Причест во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица

Во недела 11 јули 2021 година во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се служеше света Литургија на која две деца примија Прва Света Причест.  За овој свечен начин децата беа подготвени на часовите по веронаука, а ден пред примањето на светата Причест ја примија и светата Тајна Исповед.

Пред примањето на причеста децата со запалени свеќи во рацете и ги обновија крштелните ветувања дадени на нивното Крштение од страна на кумовците.

По завршувањето на светата Литургија следуваше заедничко агапе во дворот на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот