Апостолскиот нунциј до американските бискупи: Соочете се со предизвиците на нашето време

Апостолскиот нунциј до американските бискупи: Соочете се со предизвиците на нашето време

На првиот ден од генералното заседание на Бискупската конференција на САД, Папскиот претставник Кристоф Пјер ги повика бискупите на синодалност за да се надминат поделбите во Црквата и општеството. Евхаристијата, потсети тој, е дар и не треба да се третира како нешто што се нуди само на неколкумина привилегирани луѓе.

„Патот кон иднината нужно подразбира единство. Поделената Црква никогаш нема да може да ги води другите до подлабоко единство кое го посакува Христос“, рече надбискупот Кристоф Пјер, апостолски нунциј во САД, во вторник, 16 ноември, на денот на отворањето на Генералното собрание на Конференцијата на католичките бискупи на таа земја (USCCB), кое се одржуваат во Балтимор, Мериленд до 18 ноември, со учество на речиси 300 епископи поканети да размислуваат на тема за евхаристија.

Синодалноста не е апстрактен поим

Својот говор апостолскиот нунциј Пјер го фокусираше на темата за синодалноста, за процесот што го поттикна папата Фрањо во целата Црквата. Синодалноста, рече тој, „не е апстрактен поим“, туку помага да се одговори на „реалноста на нашата сегашна ситуација“ како „одговор на предизвиците на нашето време и на конфронтацијата што се заканува да ја подели оваа земја и која исто така има оддек и во Црквата. Изгледа дека многумина не сфаќаат дека се вклучени во таквиот конфликт, заземајќи позиции вкоренети во одредени вистини, но изолирани во светот на идеи и не применливи за реалното искуството на верата, во која живее Божјиот народ во конкретни ситуации“.

Синодален пристапи за одбрана на животот

Надбискуот Пјер потсети на „неколку итни прашања со кои Црквата мора да се соочи денес“. Еден од нив е животот. „Не можеме да се откажеме од одбраната на невиниот човечки живот или ранливите лица. Меѓутоа, додаде тој, синодалниот пристап „би помогнал подобро да се разбере зошто луѓето се обидуваат да ја прекинат бременоста“, кои се „основните причини да се одбере против животот“ и кои се факторите што ги прават тие избори „за некои да бидат толку комплицирани“.

Евхаристијата не е дар за неколкумина привилегирани

За Евхаристијата тој рече дека „реалноста е поважна од идеите. Можеби ги имаме сите теолошки идеи за Евхаристијата – и се разбира дека ни се потребни – но ниту една од овие идеи не е споредлива со реалноста на евхаристиската тајна, која треба да биде откриена и повторно да се открива преку практичното искуство на Црквата, живеејќи во заедништво, особено во ова време на пандемијата. Можеме толку многу да се фокусираме на светоста на литургиската форма, па така така ќе започне да ни недостасува вистинската средба со неговото вистинско присуство. Постои искушението да се третира Евхаристијата како нешто што може да се понуди само на неколкумина привилегирани, наместо да се направи обид да се оди со оние на кои им недостига теологијата или знаењето, помагајќи им да го разберат и ценат дарот на Евхаристијата и помагајќи им да ги надминат своите тешкотии. Синодалноста е метод кој ни помага заедно да го откриеме патот напред“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот