Папата го прими на аудиенција претседателот на Гана

Во вторник 11 ноември во Апостолската палата папата Фрањо го прими на аудиенција Џон Махама, претседател на Република Гана. Потоа претседателот на Гана се сретна со кардинал Пиетро Паролин, Државен секретар на Ватикан и архиепископот Доминик Мамберти, новоименуваниот префект на Апостолската сигнатура, но кој уште одредено време ќе ја врши службата Секретар за односи со државите.

За време на срдечните разговори, се истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и Гана, како и доприносот на Католичката Црква на општествено, образовно и здравствено поле, како и во промовирањето на дијалогот меѓу различните општествени слоеви. Освен ота, разговарано е и за промовирање на семејните вредности, како и за некои прашања од меѓународно значење, посебно хуманитарните кризи, кои се предизивкани од неодамнешната епидемија од вирусот ебола во Западна Африка.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот