Папата: Великиот пост е време на милости кои го ослободуваат срцето од суета

Папата: Великиот пост е време на милости кои го ослободуваат срцето од суета

„Надворешниот изглед, парите, кариерата или хобито како сирени ги маѓепсуваат и отстрануваат човечките срца од вистинскиот пат на нашиот живот, а тоа е Бог“- рече папата Фрањо во проповедта во текот на светата Литургија која во средата на 6 март 2019 година, по повод почетокот на Великиот пост.

По повод почетокот на Великиот пост Папата  служеше во црквата Света Сабина, после вообичаената процесија од црквата Свети Анселмо на Авентино. Главата на Папата со пепел ја посипа бискупот на базиликата чешкиот кардинал Јозеф Томко, а потоа продолжи обредот со пепелење.

„Великиот пост е време на милости кое го ослободува срцето од суета“, рече Папата воведувајќи ги верниците со знакот на пепелење на животниот пат на наследување на Исус во тоа пресудно литургиско време. Папата Фрањо ги повика верниците да се ослободат од минливоста на илузиите во животот што им ги нуди светот и да го откријат огнот кој засекогаш гори за Бог и за светот.

„Великиот пост е будилник на душата. Со својот силен звук сака да го успори нашиот забрзан начин на живот иако често не знаеме каде одиме и ни говори: „Застани и оди на важното, напуштајќи сè што е непотребно, што те растресува и врати се кај Господ, целта на твојот живот во светот.“

„Великиот пост е време и можност да ја пронајдеме рутата на животот и знакот кој нè предупредува на суштинската вистина да напуштиме толку работи кои ни се вратат во главата и по кои секој ден трчаме и на крајот ништо не ни останува.

Културата на привидност која нè поттикнува на минливи работи е голема лага“, рече Папата, истакнувајќи дека Великиот пост е прилика да откриеме дека сме создадени за огнот кој секогаш гори, а не за пепелот кој брзо згаснува. „Тој оган гори за Бог, не за светот, за небесната вечност, не за земската измама, за слободата на децата Божји, не за робувањето на добрата“, објасни Папата, осврнувајќи се на богатството на молитвата, постот и љубовта и предупреди да не подлегнуваме на повикот кој има само надворешен изглед, пари, кариера или хоби.

Исус на дрвото на крстот гори од љубов за нас и нè повикува да живееме страсно за Него и тој живот да не се изгуби во пепелта на светот; на живот кој гори од љубов и не се гуши во просечноста. Исус на крстот мора да биде компас за нашиот живот, кој ни го покажува небото. Господовото молчење и Неговата голотија ни ја предлагаат потребата за поедноставен живот, слободен од премногу силните грижи за минливите работи и поттикнува на смелост за откажување“, ја заврши Светиот Отец хомилијата во црквата Света Сабина.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот