Монс. Криштоф Марчјанович именуван за Папски церемонијар

Монс. Криштоф Марчјанович именуван за Папски церемонијар

Монс. Криштоф Марчјанович свештеник на краковската надбискупија и официјален претставник на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, е именуван за водител на папските литургиски славења, односно церемонијар.

Канцеларијата за папски литургиски славења е тело на Светиот Престол кое ги подготвува и надгледува литургиските славења кои ги предводи Светиот Отец, а церемонијар во моментот е монс. Гвидо Марини.

Апостолската конституција „Pastor Bonus“ на 28 јуни 1988 година, во согласност со начелата на литургиската обнова која ја поттикна Вториот ватикански собор, внесе голема промена во однос на претходната Канцеларија за папски славења, и ја основа новата Канцеларија за литургиски славења на Светиот Отец.

Папскиот церемонијар му помага на Папата во светите обреди, а на посебни настани им помага и на кардиналите, како на пример, на конзисториуми, во преземањето на кардиналската титула, на свети Миси и на други свечени славења. Монс. Криштоф Марчјанович официјален претставник на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, учествуваше изминатите денови на претставувањето на Пораката за Великиот пост на папата Фрањо во Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот