Нови 35 војници од швајцарската гарда ќе положат заклетва
Ватикан, 26.4.2013 /к. мк/ – Во Ватикан на 6 мај 35 нови војници од швајцарската гарда ќе положат заклетва. Тоа го соопшти канцеларијата за печат на швајцарската гарда. На свеченото полагањето заклетва во Рим ќе биде присутен и Швајцарскиот сојузен претседател.
Поголемиот број од новите гардисти доаѓаат од „германска“ Швајцарија. Германско-швајцарскиот кантон Цуг оваа година ќе учествува и со своја делегација под водство на претседателот на овој кантон, господин Беат Вилигер. Полагањето заклетва ќе се одржи во дворот Дамасиј во апостолската палата на Ватикан каде што ќе присуствува заменикот на ватиканскиот државен секретаријат Џовани Анџело Бекиу.
Од 35-те нови гардисти 28 војници зборуваат германски, 6 зборуваат француски, а еден војник зборува италијански. Полагањето заклетва секоја година се одржува на 6 мај во сеќавање на таканареченото „Сако ди Рома„ односно ограбување на Рим од страна на приврзаниците на кралот Карло V во 1527 година. Тогаш загинаа 147 швајцарски војници во одбрана на папата Климент VII (1523-1534). Од 1506 година, па сè до денес швајцарските гардисти ги чуваат Папите и нивната палата. Моментално ги има околу 110 војници. (о.т.)