Апел на Папата за масакрот во Тексас: Време е да се каже „доста“ за непромислената трговија со оружје

Апел на Папата за масакрот во Тексас: Време е да се каже „доста“ за непромислената трговија со оружје

Срцето ми е скршено поради масакрот во основно училиште во Тексас; сите ние се залагаме вакви трагедии да не се повторат, рече Светиот Отец на крајот од Генералната аудиенција, говорејќи за крвопролевањето во американската сојузна држава Тексас, во кое, според достапните информации, загинаа најмалку 19 деца и двајца возрасни.

„Време е да се каже „доста е“ за непромислената трговија со оружје. Сите ние се залагаме вакви трагедии да не се повторат, рече Светиот Отец на крајот од Генералната аудиенција во среда 25 мај 2022 година осврнувајќи се на трагичното крвопролевање што се случи во вторник 24 мај, во основното училиште Роб во Тексас.

Според Асошиетед прес, најмалку 19 деца и двајца возрасни загинале. Напаѓачот, 18-годишник, е убиен во полициска интервенција. Пред нападот ја ранил својата баба која се обидела да го спречи. Масовното пукање се случи само десет дена откако друг млад човек нападна продавница во населбата Бафало во Њујорк. Масакрот во основното училиште Роб е најголем во едно американско училиште откако во основното училиште Сенди Хук во 2012 година беа убиени 26 луѓе, од кои 20 беа деца.

Одговорот на американските бискупи

Како резултат на нападот, Американската бискупска конференција издаде соопштение. „Премногу престрелки се случија во училиштата, премногу убиства на невини. Нашата католичка вера нè повикува да се молиме за оние кои умреле и да ги лекуваме раните на другите, а се придружуваме во молитвите во заедништво со заедницата во Увалде и надбискупот Густаво Гарсија-Силер. Додека го правиме ова, секој од нас мора да бара во душата начини како подобро да ја разбере оваа епидемија на зло и насилство и да ги моли нашите избрани функционери да ни помогнат да преземеме акција“.

Надбискупот од Чикаго, кардиналот Бласе Купич, во изјава ги осуди законите за поседување огнено оружје. Како што рече: „Мораме да плачеме и да потонеме во болка“, но потоа, како што рече, „мора да бидеме подготвени да дејствуваме, соочени со нешто што изгледа непремостлив очај“. Тој истакна дека во Америка има повеќе оружје отколку луѓе. Иако ова не било секогаш случај, масовните пукања станаа секојдневна реалност во Америка денес. „Правото на носење оружје никогаш нема да биде поважно од човечкиот живот – заклучи кардиналот и додаде: Права имаат и нашите деца. И нашите избрани функционери имаат морална должност да ги заштитат.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот