Генерална аудиенција: Блажениот Хозе Хернандез е пример за денешните христијани

Генерална аудиенција: Блажениот Хозе Хернандез е пример за денешните христијани

Венецуелскиот „доктор на сиромашните“ Хозе Грегорио Ернандез Циснерос, како пример на христијанин посветен на најслабите, беше тема на генералната аудиенција во среда 13 септември 2023 годинаа со која Папата го продолжи циклусот катехези за апостолската ревност. Папата Фрањо ги повика верниците на конкретна посветеност во општеството и политиката, секогаш во корист на најслабите и најсиромашните.

На Генералната аудиенција во среда 13 септември на плоштадот Свети Петар, Папата го продолжи циклусот катехези за апостолската ревност, или „внатрешниот жар за навестување на Евангелието“.

Со својот пример, блажениот Хозе Грегорио Хернандез, наречен „доктор на сиромашните“ може да не вдахнови, рече Папата. Светиот Отец, кој го беатифицира Хернандез во 2021 година, размислуваше за венецуелскиот лекар, мирјанин кој несебично се посвети да помага на другите. „Иако е потребно уште едно чудо за да биде прогласен за светец, тоа не ги спречува бројните венецуелски верници, кои имаат длабока традиција на побожност кон него, посебно за оздравување, да го почитуваат како светец“, истакна Папата.

„Лекар на сиромашните“

Папата потсети дека блажениот Ернандез, роден во 1864 година, својата вера пред сѐ ја примил од мајка си, велејќи: „Мајка ми ме научи на крепост уште од лулка, ми покажа како да растам во спознанието за Бога и милосрдието“. Светиот Отец повторно истакна како мајките многу често ја пренесуваат на своите деца верата и љубовта Христова преку својот дијалект:

Мајките се тие што ја пренесуваат верата. Верата се пренесува „на дијалект“, односно на јазикот на мајките, тој дијалект кој мајките знаат да го употребуваат со своите деца. А вие мајки, внимавајте да ја пренесете верата на овој мајчин дијалект.

Папата го опишува блажениот Хозе Ернандез како добар и блескав човек, со весела наклонетост, кој, надарен со изразен интелект, станал доктор, универзитетски професор. и научник.

„Но, тој беше пред се лекар близок до најслабите, толку многу што во својата татковина беше познат како „доктор на сиромашните““, истакна Папата. Без да се интересира за парично богатство, тој бил привлечен од богатството на Евангелието:.

„Во сиромашните, болните, мигрантите, страдалниците, Хозе Хернандез го виде Исус. Успехот што никогаш не го барал во светот, го добил и го добива од народот кој денес го нарекува „светец на народот“, „апостол на милосрдието“, „мисионер на надежта“.

Отворен за Божјата промисла

„Скромен“, „љубезен“, „достапен“, венецуелскиот лекар бил поттикнат од „внатрешен оган“ и „желбата да живее во служба на Бога и другите“, продолжи Папата. Неколку пати се обидел да биде ракоположен и свештеник, но разни здравствени проблеми го спречиле. „Меѓутоа, неговата физичка слабост не го натера да се затвори во себе, туку да стане лекар кој е многу чувствителен на потребите на другите“, истакна папата Фрањо. Апостолската ревност е токму тоа: не следење на „сопствените стремежи“, туку да се биде отворен „за Божјата промисла“.

За Хозе Ернандез, оваа промисла отсекогаш била грижа за болните, „помош за страдалниците“, „надеж за сиромашните, сведоштво за верата не со зборови, туку со пример“. „На таквиот внатрешен пат тој ја прифати медицината како свештенство: служење на човечката болка.

„Апостол на мирот“

Светиот Отец рече дека блажениот Хозе Ернандез се чувствува повикан да го даде својот живот за мир.

Од вера и љубов кон Христа, блажениот „сакаше да биде „апостол на мирот“. Неговата „сила“ беше молитвата, „тајниот однос со Бог“, нагласи Папата. Од тој однос со Исус „се почувствува повикан да го понуди својот живот за мир“, погоден во тоа време со избувнувањето на Првата светска војна. Кога еден пријател го посетил на 29 јуни 1919 година, го нашол многу среќен: Хозе дознал дека договорот со кој заврши војната е потпишан. „Неговата жртва беше прифатена и му изгледало дека чувствува како неговата задача на земјата да е завршена.

Меѓутоа, неговиот живот на служење заврши кога се приближуваше до својот 50-ти роденден. По светата Мисата во црквата, Хозе Хернандез оди да земе лек за болно лице. Преминувајќи ја улицата го удрил автомобил, го однеле во болница и починал изговарајќи го името на Богородица.

Неговиот земен пат завршува на патот, на улица додека извршува дело на милосрдие, како и во болницата, каде што својата работа како лекар ја претворил во ремек-дело.

Пример за современите христијани

На крајот, Светиот Отец ги поттикна верниците да се запрашаат како одговараат на Исус присутен во сиромашните и рече дека блажениот Хозе Хернадез нè поттикнува и ние да се вклучиме во големите социјални, економски и политички проблеми на денешницата.

Светиот Отец ја заврши својата катехеза давајќи го блажениот Хозе Хернадез како пример за она што треба да го прават денешните христијани.

Секој христијанин е повикан да ги „извалка рацете“. Тоа е апостолска ревност, тоа е проповедањето на Евангелието, тоа е христијанското блаженство: блажени се миротворците“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот