Најава за патрониот празник во Петралинци

Најава за патрониот празник во Петралинци

Во понеделник, 24 мај 2021 година на празникот на Светите Кирил и Методиј во Католичката парохија во Петралинци, со почеток во 10.00 часот ќе се служи архиерејска света Литургија, по повод патрониот празник на парохијата, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и  Струмичко – скопски епарх. За време на светата Литургија ќе бидат изложени моштите на свети Кирил.

По повод патрониот празник на парохијата во периодот од 21-23 мај 2021 година во парохијата ќе се одржи тридневница:

Петок, 21 мај 2021 година, во 18.00 часот, света Литургија, Молебен до свети Кирил и Методиј и света Исповед.

Сабота, 22 мај 2021 година, во 8.00 часот, света Литургија а во 18 часот, Молебен до свети Кирил и Методиј и света Исповед.

Недела, 23 мај 2021 година, во 8.30 часот, света Исповед, во 9 часот, Пеена света Литургија и Молебен до свети Кирил и Методиј.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот