Луѓето погодени од ретки болести, ги има речиси 400 милиони и луѓето заболени од запоставени тропски болести не треба да се остават на судбината на страдањето и општествената исклученост – рече кардинал Паролин говорејќи на 31. Меѓународна конференција за ретки и занемарени болести.
Луѓето погодени од ретки болести, ги има речиси 400 милиони и луѓето заболени од запоставени тропски болести не треба да се остават на судбината на страдањето и општествената исклученост – рече кардинал Паролин Папскиот државен секретар говорејќи на 31. Меѓународна конференција за ретки и занемарени болести во организација на Папскиот совет за здравствени работници. Католичката црква силно ја погодува страдањето на милиони луѓе – истакна кардиналот.
Папскиот државен секретар нагласи дека најголемиот проблем за ретките болести претставува научното истражување. Светската фармацевска индустрија не вложува многу во тој вид на истражување, која иако открила ефикасни лекови понекогаш престанува со нивно производство затоа што не е профитабилно. Во овој период пак се настојува да се преструктурираат системите за социјална грижа. Сега роднинските здруженија, невладините католички организации и други реалности главно го поддржуваат научното истражување. И покрај напорите истражувањата напредуваат полека – истакна кардинал Паролин.
Запоставените болести, големиот број на тропски зарази кои го погодуваат населението со ниски примања во многу случаи се лекуваат со постоечки ефтини лекови. Светската здравствена организација неодамна покрена „важни програми“ со кои се поддржува „силното заземање на католичките медицински структури.“ Но, и покрај вложените напори само еден дел од спомнатото население соодветно се лекува. Главната причина е во недостатокот на мрежа медицински и превентивни услуги, дијагноза и нега – рече кардиналот.
Папскиот државен секретар потсети на блиската врска „помеѓу големиот број запоставени тропски болести и екстремното сиромаштво на бројни народи. Затоа со проблемот на медицинската нега е поврзан и проблемот на правдата. Социјалните програми кои промовираат пристап до питка вода, пристојно домување, образование на децата и укинувањето на предрасудите предизвикани од болеста треба да ја придружуваат медицинската нега – рече кардиналот.
Кардиналот потоа ја истакна потребната соработка со државите. Важно е здравствените работници да разменуваат искуства заради откривање на најдобрите практики и нејзини проширувања. Освен тоа важно е да се привлече вниманието на средствата за социјална комуникација на оваа реалност. Така и оние кои не работат во здравството ќе бидат информирани за страдањето на многу луѓе – заврши кардинал Паролин.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк