Папата: Потребна е итна акција за елиминирање на насилството врз жените

Папата: Потребна е итна акција за елиминирање на насилството врз жените

Апел на Папата во пораката за италијанската национална кампања против сите форми на насилство: нашиот степен на човечност се гледа токму во тоа на кој начин постапуваме со жените, во сите нивни димензии

Отровен плевел кој го погодува нашето општество и кој треба да се отстрани од корен – вака папата Фрањо го опиша насилството врз жените во пораката упатена до промоторите на иницијативата „Долг бран против машкото насилство врз жените“ организирана од Првата програма. на италијанското државно радио и Засолништето за злоупотребени жени (Radio1Rai & Cadmium D.I.Re.). Римскиот бискуп апелира да се пресечат културните и менталните корени кои – како што истакна – растат на теренот на предрасудите, поседувањето, неправдата.

Треба веднаш да се дејствува

Папата ги охрабрува сите луѓе да не останат рамнодушни, да дејствуваат веднаш и на сите нивоа, решително, итно и храбро, за да им се даде глас на нашите безгласни сестри. Нашиот степен на човечност се гледа токму во тоа на кој начин постапуваме со жените – напиша Папата, осврнувајќи се на бројните жени кои се злоупотребувани, експлоатирани, сведени на ропство, кои се жртви на ароганцијата на оние кои мислат дека можат да располагаат со нивните тела и животи, принудени да се потчинуваат на машката похот.

Жените се сметаат за објект

На премногу места и во премногу ситуации жените се ставаат во втор план, сметајќи ги за инфериорни, како да се предмети – истакна Светиот Отец. Кога личноста ќе се сведе на предмет, нејзиното достоинство веќе не се гледа; се смета само како имот што може да се отуѓи во се, па дури и до целосно отстранување – се наведува во пораката на Папата.

Таму каде што има доминација, има и злоупотреба

Папата ја истакна и двосмислената улога на масовните медиуми, кои од една страна ја поддржуваат промоцијата на жената, но од друга страна пренесуваат пораки проткаени со хедонизам и консумеризам, чии модели, машки и женски, одговараат на критериумите за успех, самопотврдување, конкуренција и моќ да се привлечат другите и да доминираат со нив. Сепак – истакна – каде што има доминација, има и злоупотреба, додека Господ нѐ сака слободни и со потполно достоинство.

Едукативна акција

Токму затоа, според папата Фрањо, итно е потребна едукативна акција која, почнувајќи од семејството, во центарот го става човекот со неговото достоинство и промовира праведни и избалансирани односи засновани на меѓусебно почитување и признавање.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот