Папата Фрањо ја објави новата Апостолска конституција “Praedicate Evangelium”

Папата Фрањо ја објави новата Апостолска конституција “Praedicate Evangelium”

Новата Апостолска конституција за Римската курија и нејзиното служење на Црквата и светот е објавена на 19 март, а ќе стапи на сила на 5 јуни гооваа година.

Светиот Отец на празникот Свети Јосиф, свршеник на Пресвета Богородица, 19 март објави нова Апостолска конституција насловена „Praedicate Evangelium“. Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се вели дека Апостолската конституција за Римската курија и нејзиното служење на Црквата и на светот ќе стапи на сила на празникот Педесетница, 5 јуни.

Со стапувањето во сила, Апостолската конституција Pastor Bonus во целост се укинува и заменува со новата, со што се заокружи реформата на Римската курија, стоии во соопштението.

Новиот Апостолската конституција ќе биде претставена во понеделник, 21 март во 11.30 часот во Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Таа ќе биде претставена од кардиналот Марчело Семераро, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци; Епископот Марко Мелино, секретар на Кардиналскиот совет на кардиналите и професорот Џанфранко Гирланда СЈ, почесен професор на Факултетот за канонско право на Папскиот Грегоријански универзитет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот