Не грижи се залудно!

„Немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете.“ (Мт 6,25) Звучи чудно и неверојатно. Некој ќе каже дека тоа не е вистина. На нас Европјаните ни е тешко да ги сфатиме Исусовите зборови. Ние сме рационалисти и за тоа Исусовиот повик за живот без грижи нѐ збунува. Научени сме да живееме со грижи и оптеретувања. Тоа стана наш модерен домен. Ни треба „ова“ или „она“. Седиме, мислиме, не можеме да спиеме. Едноставно иднината нѐ убива и ни ги одзема радосните моменти кои би можеле да ги поминеме на многу подобар начин.

Да погледнеме во своето срце и да дозволиме конечно Исус да проговори. Да го послушаме него Он е тој кој е Живот, Пат и Воскресение и ни дава упатства за живот во радост, без страв. Исус нѐ повикува потполно да се препуштиме на Божјата провидност. На луѓето од Исусовото време им било лесно да ја сфатат Неговата порака. Многу биле сиромашни, не поседувале ништо. Нивниот живот бил едноставен. Ние поседуваме многу, иако мислиме дека не поседуваме ништо. Оптеретени сме со сметки за телефон, мобилен, интернет, автомобили, струја, плин, различни курсеви. На многумина не им стигнува месечната плата. Од друга страна има такви кои гледаат сѐ подобра марка модерна облека. Сакаме да бидеме најдобри и најубави. Многу бараат совршен успех за своите деца на патот на школувањето. Го пренесуваат своето задоволство и фрустрација на своето домаќинство. Забораваме дека често во тоа претеруваме. Трчаме некаде, но не знаеме каде. Нашите мисли се оптеретени. Заробени сме.

Непотребни мисли нѐ одвлекуваат од Бог и не можеме да се сретнеме со Него. Се одделуваме од Дарителот. Мислите нѐ одвлекуваат во минатото или иднината, нѐ туркаат во страв, со чувство на осаменост, така за да не живееме веќе денес. Всушнос денес е најважно затоа што го предизвикува утрешниот ден. Научниците кажуваат дека 80% од нашите мисли немаат смисла. Тоа е една од причините зошто не сме креативни и зошто живееме тромаво во страв. Заробени сме поради тоа. На крајот настануваат замислени и присилени мисли.

Бараме сами решенија, го напнуваме мозокот и ништо не се случува. Од лично искуство знам дека сум бил најкреативен тогаш кога сум се препуштил на Бог. Одговорите на нашите прашања треба да ги најдеме во молитва. Бог е жив Бог и никогаш нема своите деца да ги остави на цедило. Ние сме соработници Божји и затоа сме повикани на работа. Соработката со Бог претпоставува дека сѐ ќе препуштиме на Господ, но наше е да работиме. Кај Исус нема „губење време“” ниту „туку-така“. Потребни се твоите раце и срце слободно од сите грижи. Како ќе се решат присилените мисли, заробеноста во мислите, кои предизвикуваат страв, немир, чувство на осаменост и несигурност? Одговорот е само еден: да се довериме на Исус. Неговите зборови се вистински и полни со Дух.

Пред сѐ да се ослободиме од лажните богови и идоли кои господарат со нашите мисли уништувајќи нѐ внатрешно. Во Стариот Завет многумина цел живот страдале или преземале на себе проклетство, затоа што сакале самите себе да си обезбедат среќа. Рахела ги украла идолите од својот татко. Војниците Макабејци од своите непријатели ги украле киповите на различни богови. Тоа ги уништило и усмртило. Нека Исусовите зборови бидат и за нас предупредување: „Никој не може да им слугува на двајца господари.“ (Мт 6,24) Со други зборови, Исусовиот ученик не може да си дозволи животен пат под рака со гревот и со Исус. Затоа да ги отфрлиме сите идоли и исцелители од ова време. Да се ослободиме од сите наврзаности на предмети и луѓе затоа што тоа ги заробува нашите мисли и не можеме потполно да му веруваме на Господ. Само Исус е вистина.

Вториот чекор е барање на Божјото царство и неговата праведност. Со тоа се поврзува благословот: сето друго ќе ни се придодаде. Често бараме од Бог нешто сосема безначајно мислејќи дека тоа ќе ни обезбеди среќа. Меѓутоа, Отецот сака да ни ја даде полнината на сите дарови. Бараме палец, а всушност добиваме цела рака. Нека ни биде поттик Псалм 126 кој зборува за радоста и довербата во Бог: „Залудно вие станувате рано, доцна легнувате вие што го јадете лебот уморни; на оние кои Он ги сака, ним им дава сон.“ Ако Господ е со нас, кој ќе биде против нас? Он ја разоткрива секоја мисла, која се сокрива во човечкото срце. Он е дарител. И никогаш нема да го заборави своето дете, кое е во потреба од неговата присутност: „Може ли жена да го заборави породот свој, а да не се смислува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам.“ (Исаија 49, 15)

Третиот чекор е потполно доверување на Бог во секоја животна ситуација. Не само кога имаме прекрасни моменти, туку тогаш кога е најтешко. За тоа нѐ поучува целиот свет на природата: лилјани, трева, птици. Во очите на Отецот сме вредни повеќе од нив!

Зошто тогаш се грижиме и замараме за многу излишни работи? Зошто нервозно се грижиме за утрешниот ден. ако знаеме дека нашиот Отец е близу? За тоа зборува Исус. Не може да не задоволат парите, нашите планови, нашите решенија. Тоа нема да нѐ спаси. Над сѐ е Бог кој нѐ љуби. Тој е наша сила, која распрснува секаков облак на грди и присилени мисли. Да се препуштиме „денес“ на Божјата Провидност, така ќе си ја обезбедиме нашата среќна иднина. Отецот небесен добро знае што ни е најпотребно. Затоа не се „секирај“ и не грижи се непотребно!

Духос/Д.И.

1468

За авторот