Свети Василиј Велики

Свети Василиј Велики

Еден од поголемите научители во Источната Црква, Свети Василиј, бил човек со голема доктрина, талент и светост. Тој се родил во 329 година во Кесарија Кападокиска во семејство од која произлегуваат исто така и свети Гргур од Назијански и свети Петар од Севастија (неговите браќа). Своето образование го започнал во Кесарија и го продолжил во Константинопол и во Атина. Меѓу неговите школски другари во Атина биле свети Гргур Назијански (исто така од Кападокија) и Јулијан Отпадник, идниот римски император.

Школските денови во Атина не биле многу сериозни; според Гргур, тој и Василиј познавале само две улици во градот; онаа која водела во Црквата и онаа до училиштето.

Василиј колку и да бил верен на овие улици, кога се вратил во Кесарија, околу 356 година, неговиот брат Гргур како и неговата сестра Макрина (исто така и таа чествувана како светица) во него приметиле тенденции кон световноста. Како веројатно најучениот човек во Кесарија во тоа време, Василиј станал учител по реторика и изгледало дека ужива голем престиж заради позицијата која ја имал. Така бил пресечен од ставот на Макрина заради самозадоволството, која со нејзините апели за здравиот разум и за духовната свесност му ги покажала ограничувањата на еден живот целосно обземен од световните занимања. Пред сѐ, на нејзино настојување, во 357 година, Василиј заминал на пат во монашките центри во Египет, Палестина, Сирија и Месопотамија. Кога следната година се вратил во Кесарија знаел веќе што да прави: раскинувајќи ги сите свои обврски тргнал на пат кон Понт, во близина на Црно Море и таму, на бреговите на реката Ирис, го основал неговиот манастир.

Подоцна Василиј бил вклучен во други активности, но монашкото основање најверојатно било неговото најважно дело и тоа што тој најмногу го сакал. Со длабоко разбирање за улогата на монаштвото во христијанството и како овој начин на живот би требало да се практикува, Василиј напишал серија на Правила – подоцна наречен Василијански код – кој станал инспирација за целото последователно источно монаштво. И ден денес православните монаси и поголем дел од католичките источни монаси го следаат Василијанскиот Код;

Влијанието на времињата сепак го прекинаа животот на Василиј во Понт. Со помош на императорот Валент, аријанизмот ѝ се заканувал на Црквата во Кападокија и неопходен бил еден цврст авторитет за да се соочи со нападот. Василиј бил убеден да замине во Кесарија прво да му помогне на својот епископ, а потоа да го наследи по неговата смрт во 370 година. Една од првите мерки како епископ биле да му покаже отворен предизвик на императорот, кој се обидувал  да го наметне аријанското исповедување на верата од страна на свештенството на Кападокија; Василиј одбил и со тежината на неговото влијание и личност се осигурил дека императорот се откажал од своите барања. Активен каков што бил во борбата против ересот, Василиј бил внимателен исто така и кон другите потреби од своето епископство. Надвор од Кесарија дозволил да се изгради прифатилиште за патниците (прв од овој вид) прилагодувајќи го како болница за сиромашните. Исто така направил ревизија на Божествената Литургија за неговата епархија (оваа е најстарата од двете Литургии од Византиски обред) како и внимателна чистка на еретичките свештеници од неговата епархија. Брилијантен проповедник и писател бил Василиј и напишал исто така многу проповеди и теолошки дела, од кои голем дел биле со цел да го зајакне својот народ против аријанизмот.

Аријанизмот била најзастапена опасност, придружена исто така од малите караници со неговиот стар пријател Гргур Назијански и лажното претставување за неговото правоверие до Папата од страна на неговите непријатели.

Василиј ги надминал сите потешкотии и за време на неговото кратко епископство (помалку од 9 години), станал движечка сила во Кесарија. Кога починал, на 1 јануари 379 година, исто така евреите и паганите заедно со христијаните биле подготвени да признаат дека градот го изгубил својот најдобар пријател. Неколку години по неговата смрт Василиј од еден Собор бил опишаен како „Големиот Василиј, министер на Благодатта кој ја изложил Вистината до целиот свет“: една вистинска дефиниција која го поминала тестот на времето.

Василијанци Од Грота Ферата/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот