Мајка Тереза: Љуби и прости

За многу несреќници достоинствената смрт во Индија била вистинска привилегија. Мајка Тереза го основала Нирмал Хридеј, сакајќи на тој начин да овозможи на сиромашните од улица да умрат достоинствено и свето.

Во таа куќа била сместена и една жена која е најдена напуштена и како сама лежи на купот ѓубре. Гореле од треска и постојано повторувала: Ова ми го направи мојот син, мојот син“. Мајка Тереза го раскажа своето искуство кое го има доживеано, држејќи ја жената во прегратка: „Познато е дека мораме да научиме да простуваме, ако сакаме вистински да љубиме. Помирувањето не започнува од другите, туку со самите нас. Оваа жена била исполнета со болка, бидејќи нејзиниот син, кој го родила, не ја сака. Му дарувала љуов и внимание, но откако престанала да заработува му станала товар, веќе не му била потребна.

Ја молев да му прости, да биде мајка на своето дете. Но неговото недостојно однесување ја спречуваше во тоа. Но са самиот смртен час, последниот здив го претвори во зборови: „Му простувам, Боже мој, му простувам“. Не се плашеше од моменталната смрт. Срцето и беше растргнато. Нејзините чувства беа разбирливи.

Бог никогаш не се однесува на ваков начин. Ако направиме и тежок грев, доволно е само да кажеме ‘Се кајам’. Во тоа се состои големината на Божјото милосрдие, нежноста на Божјата љубов. Чудесно! Така и ние би требало да се научиме да љубиме.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот