Света Варвара

Света Варвара (+306) – светица, девица и маченичка, заштитница на рударите и е една од 14 светци помошнички во неволја. Според легендата била ќерка на Диоскорус, богат трговец на пурпур и бллагородник во градот Никомедија во Мала Азија. Предизвикувала внинимание со убавината, интелигенцијата и едноставноста. Татко ѝ сакал да је омажи за богато момче. Бидејќи била многу убава ја чувал како скапоцен камен и пред да тргне на подолго патување ја затворил во една тврдина со два прозора. Кога се вратил нашол на тврдината трет прозорец, а на прагот, за него одвртниот знак, крст. Варвара храбро му признала дека таа барала да се направаат двете работи: трите прозори, да ја потсетуваат на тајната на Светото Троица, а крстот да је потсетува на спасението. Тајно го примила христијанство, благодарение на ѓаконот Валентин. Татко ѝ кој бил тврдокорен поганин побеснел од гнев кога Варвара посакала и тој да го прифати христијанството. Тој сакал да ја убие, но таа успеала на чудесен начин да побегне во планината и на чудесен начин да се крие таму додека не ја предал еден овчар. Ја затвориле и ја мачеле, но раните  на чудесен начин ѝ заздравувале. Ја осудиле на смрт. По налог на судот нејзиниот татко лично ѝ ја отсекол главата. Набрзо после тоа го погодил гром и умрел. Заедно со Варвара мачеништво поднела и света Јулијана од Никомедија.

Света Варвара заштитница е на рударите, на добрата смрт и заштитничка одотив гром и оган. Нејзините моштии се наоѓаат во црквата свети Владимир во Киев, Украина. Многу е почитувана во Русија. По неа е наречен градот Санта Барбара во Калифорнија.

Неа, многу ја почитувал младиот полски светец свети Станислав Костка и го почувствувал нејзиното силно застапништво во неговата тешка болест. Светицата му се укажала во придружба на два ангела, од кои едниот го причестил, бидејќи неговиот газда, фанатичен протестант не дозволил пристап на католички свештеник во неговата куќа.

Интересно е дека за време на војните ја молеле за помош членовите на артилериските единици и тоа не само католици туку и протестанти. Нејзиниот  спомен не изостанал ниту во протестантските земји кога реформацијата го избришала споменот на многу светци.

Со празникот на света Варвара поврзани се и многу обичаи. Се става пченица во чинија која р’ти, зазеленува и станува украс во куќите и црквите под елките на Бадник. На други места пченица се сади на празникот света Луција, девет денови покасно. Во земјите од германското јазично подрачје на тој ден се одрежува гранка од цреша, се става во вода и на топло и таа гранка процветува за Божиќ.

Извор: Wikipedija

Превод: Сестри Евхаристиники – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот