Надбискупот Фултон Ј. Шин за молитвата Бројаница

Надбискупот Фултон Ј. Шин за молитвата Бројаница

(…)„Убавината на Бројаницата е во тоа што таа не е само усна молитва. Таа е исто така и душевна молитва. Честопати можеме да слушаме некаква драма за која, додека човековиот глас зборува, во позадина се слуша величeнствена музика, која на зборовите дава достоинство и сила. Бројаницата е слична на оваа изведба. Додека се изговараат зборовите на молитвата, срцето не слуша музика, туку непрекинато размислува за животот на нашиот Господ, со обзир на сопствениот живот и потребите. Како што конецот на Бројаницата ги поврзува нејзините зрнца, така и размислувањето ја поврзува молитвата.

Ние честопати разговараме со некого додека нашиот ум размислува за нешто друго. Но, во Бројаницата не само дека ги изговараме молитвите, туку исто така и мислиме на нив. Витлеем, Галилеја, Назарет, Ерусалим, Голгота, Маслинова гора, небо – сето тоа се реди пред нашите очи и души додека нашата уста моли. Бројаницата ги повикува нашите прсти, нашите усни и нашето срце на бескрајна симфонија на молитвата и затоа е таа најпрекрасната молитва која што човекот некогаш ја составил.

Бројаницата има посебна вредност за разни групи на луѓе: за вознемирени, за учени и неуки, за болни.

  1. Вознемиреност

Вознемиреноста е онаа загриженост и немир која што човекот го обзема поради неусогласеност помеѓу телото и душата. Вознемирените луѓе без престан ги ангажираат своите души премногу, а своите раце премалку. Бог сака вистината која како спознание ја носиме во својата душа, да се покажува и на дело, надвор од неа. „И Словото стана тело“ – тоа е тајната на среќниот живот. Кога вознемирените души ќе дозволат да се поучат за љубовта на Добриот Пастир, кој се грижи за тврдоглава залутана овца, тогаш кога сами би сакале да се упатат на ново поле на љубовта, ќе помине нивниот страв и вознемиреност. Но толку долго додека душата е немирна, концентрацијата е невозможна. Мислите летаат натаму – наваму и се рушат една преку друга. Илјада и една слика ја искршува душата. Бројаницата е најдобрата терапија за таа растроена, несреќна, бојазлива и неплодна душа затоа што вклучува примена на трикратна енергија: телесна, гласовна и духовна, и тоа токму по овој редослед. Додека прстите ги пребројуваат зрнцата, потстетувата дека тие ситни броила се посветени на молитвата. Потоа еднодушно со прстите се помрднуваат и усните. Црквата, која што секогаш е мудар психолог, упорно бара за време на Бројаницата усните да се мрдаат затоа што таа најдобро го знае надворешниот ритам на телото кое може да влијае на ритамот на душата. Ако прстите и усните истрајат при тоа, духовната волја набргу ќе следи за нив и на крајот молитвата ќе заврши во срцето.

Зрнцата помагаат душата да се концентрира. Самиот ритам и пријатната едноличност создаваат телесен мир и мислите чувствително се фокусираат на Бог. Телесните и духовните сили делуваат заедно ако им дадеме можност за тоа. Силните души можат да делуваат одвнатре, кон душите надвор. Но вознемирените и нервозни души, мораат, спротивно, во своето делување да излезат однадвор кон внатре. Молејќи ја Бројаницата, вознемирените, малку по малку доаѓаат до сознание дека нивниот немир потекнува од нивниот егоизам. Ниту една душа сѐ уште не ги надминала стравовите и вознемиреноста доколку не е предадена целосно на молитвата Бројаница. Пробајте! Ќе се изненадите како, зрно по зрно, ќе ве извлече од немирот и ќе успее до самиот престол да ве воздигне онаа Срце кое е апсолутна љубов.

  1. Учени и неуки

Се случува неуките честопати да молат подобро од учените, не затоа што интелектот бил штетен за молитва, туку затоа што тој раѓа горделивост. Нашата љубов и нашето знаење мора да одат секогаш чекор во чекор еден со друг, затоа што мудроста и љубовта на Пресветата Троица се еднакви помеѓу себе.

Бројаницата е голем испит на верата. Она што е Евхаристијата во редот на светите Тајни, така Бројаницата е во редот на побожностите. Бројаницата е таинство и испит на верата, камен за вкусување за понизност на душата. Белег на христијанинот е неговата спремност да верува во Бог кој станал тело, да верува во Христос кој го продолжува својот живот во вид на лебот и виното на олтарот.

Што пониско слегнуваме во понизноста, толку подлабока станува нашата вера. Блажената Мајка заблагодарила на својот боженствен Син што ја погледнал нејзината понизност. Бројаницата е заедница на необразовани и образовани. Таа е место каде што едноставната љубов добива до знаење, а паметната душа, љубов.

  1. Болни

Третата голема вредност на Бројаницата е нејзината корист за болните. Кога болеста расте, а телото се грчи од болки, душата не може да зборува. Таа всушност не сака ниту да слуша оа што и се зборува, но во нејзиното срце затоа толку силно сака да искаже нешто. Бројот на молитвите кои што ги знаеме на памет е многу мал и повторувањето во болеста станува се позаморно и позаморно, за болните е добро да има еден образец на молитви при кои зборовите ќе се фокусираат и насочат на медитација. Како што се зголемуваат и собираат распрснатите зраци од сонцето, така Бројаницата собира и соединува мисли кои инаку се „расфрлани“ по болничката соба, па така тие се фокусираат во жариштето на белиот и вжештен пламен на Божествената Љубов.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот