Ако го слушаше Словото Божјо …

Ако го слушаше Словото Божјо …

Луѓето често ми велат: мојот брак пропаѓа… мојата куќа е како автобуска станица… фирмата ми е пред затворање… имам илјадници лица….Ако денес твојот брак пропаѓа, тоа е затоа што не знаеше да простуваш, ниту пак одеше во црква, не ги прифати децата кои Бог сакаше да ти ги дарува, го оскверни брачниот кревет. Со други зборови, не го прифати Словото Божјо.

Ако денес твоето семејство е како разбиена куќа, тоа е затоа што ја градеше само од материјални добра. Твоите деца се бунтуваат, бидејќи не им ја пренесе верата во Бог и не ги воспитуваше со авторитет. Се грижеше само за обезбедување материјални добра во куќата, мислејќи дека тоа ќе им даде мир и љубов. Ако ги сфатеше Исусовите зборови: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се друго ќе ви се придаде.“ Денес твојата куќа немаше да биде како автобуска станица, туку ќе живеевте во љубов и единство.

Ако денес си депресивен, збунет и вознемирен, тоа е затоа што живееше без да го слушаш и без да го исполнуваш Словото Божјо, кое е мир и помирување.

Твојата работа денес можеше да цвета ако сфатеше и ако го слушаше Словото Божјо, кое ти зборуваше: Дај праведна плата на работниците и постапувај со нив со почит, не лажи, плаќај ги чесно давачките…. Наместо тоа, поради глад за пари, не направи ништо од тоа што ти зборуваше Словото Божјо. Затоа плачеш денес, затоа наскоро ќе мора да ја затвориш фирмата.

Не може да се живее и работи без да се води сметка за Словото Божјо. Постојаната состојба на грев го води човекот и било која институција во пропаст. Амин. Алилуја.

о. Л.М.

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот