Слово на животот, ноември 2023

Слово на животот, ноември 2023

Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.“ (1 Сол 5,5)

Светлината отсекогаш го симболизирала животот. Секој ден ја исчекувамеме зората како гласник на нов почеток. Темата на светлината е присутна во историјата на народите и во древните религии.

Во еврејската традиција се слави празникот на светлината – Ханука. Со тој празник се означува повторното посветување на ерусалимскиот храм и ослободувањето од паганското обожавање. Муслиманите палат свеќи на денот на раѓањето на пророкот – Мевлуд, на арапски Мавлид. Дивали, чие име означува низа светла, првично е хиндуистички празник и се слави во неколку индиски религии за да ја прослават победата на доброто над злото.

За христијаните, Исус Христос е светлината што ја осветлува темнината на светот.

Затоа, светлината е полна со силна симболика, таа го претставува присуството на божественото, подарок за човештвото и земјата.

Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.“

Но, кои се карактеристиките на синовите на денот? Една од нив е „неприпадноста кон ноќта и темнината“. Откажувањето од спиење и апатијата е поврзано со одлуката да останеме будни. Тоа е избор на љубовта, желба да се живее целосно и добро да се искористи времето.

Затоа, апостолот упатува итен повик до заедницата во Солун заедно да бдеат, откажувајќи се од секаков вид на незаинтересираност и рамнодушност. Во време кога на човештвото толку многу му е потребна светлина, оние кои не ѝ припаѓаат на ноќта имаат задача да ги осветлуваат меѓучовечките односи, постојано се даруваат себеси, за преку нивната вера, љубов и надеж да биде видлива присутноста на Воскреснатиот Христос, како што пишува Павле (сп. 1 Солунјаните 5, 8).

Понатаму, неопходно е да се негува близок и вистински однос со Бога, да се допре до своето срце, да се најде време да се разговара преку молитва, ставајќи го во дело Неговото Слово што дозволува токму таа светлина да свети.

 

Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.“

Понекогаш можеме да се навикнеме да живееме во темнината на нашето срце или да се задоволиме со многу вештачки светла, разни ветувања за среќа во светот. Но, Бог секогаш нè повикува да дозволиме Неговата светлина да свети во нас и внимателно да гледаме на луѓето и настаните за да ги препознаеме во нив врските на светлината.

Напорот се состои во постојано избирање на она што нè препородува, во изборот од темнината да преминеме кон светлината. Кјара Лубик пишува: „Христијанинот не може да побегне од светот, да се крие или да ја смета религијата за приватна. Тој живее во светот затоа што има одговорност, мисија пред сите луѓе: да биде светлина што осветлува. И ти ја имаш оваа задача, а ако не ја вршиш, твојата бескорисност е како солта што го изгубила вкусот или како светлината што станала сенка. [1]  […] Задачата на христијанинот е да дозволи светлината што престојува во него да засветли, да биде знак на Божјата присутност меѓу луѓето.[2]

Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.“

Бог е светлина и може да Го најдат оние кои Го бараат со искрени срца. Што и да се случи, ние никогаш нема да бидеме одделени од Неговата љубов затоа што сме Негови деца. Ако сме сигурни во ова, нема да бидеме изненадени или обземени од настани кои би можеле да не вознемират.

Овогодинешниот земјотрес во Турција и Сирија однесе повеќе од 50 илјади животи и суштински ги промени животите на милиони луѓе. Оние кои ја преживеаја катастрофата, сите тамошни заедници и заедниците во другите земји се светли точки затоа што донесоа помош и им пружија олеснување на луѓето кои ги загубија своите најблиски, своите домови, сè.

Темнината никогаш не може да ги покрие оние кои избираат да живеат во светлината и да создаваат светлина. За нас христијаните тоа значи да живееме со Христос помеѓу нас. Неговата присутност овозможува да се реализираат животните моменти кои ја враќаат надежта, со кои продолжуваме да живееме во Божјата љубов.

Подготвила Patrizia Mazzola и тимот слово на животот

[1] Спореди Mт 5,13-16.

[2] Кјара Лубик, Слово на животот, септември 1979.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот