Исус е лекар кој лекува со медицината на љубовта

Светиот Отец служеше света Литургија за Јубилејот на болните и лицата со инвалидитет. Истакна дека Исус е лекар кој лекува со медицината на љубовта затоа што ги зема на себе нашите страдања.

Потопувањето во водата на Крштението значи како секој од нас како да умрел и е закопан со Христос, додека излегувајќи од неа се покажува нов живот во Светиот Дух. Тоа ново раѓање го вклучува целиот живот во секој негов аспект: и болест, страдање и смрт се положени во Христа и во Него ја наоѓаат својата конечна смисла – рече папата Фрањо служејќи света Литургија за Јубилејот на болните и лицата со инвалидитет на 12 јуни 2016 година.

Во борбата со болеста можеме да паднеме во цинизам како сè да може да се реши само со сметање на сопствената сила – рече Папата. „Понекогаш напротив целата доверба се полага во научните откритија мислејќи дека сигурно во некој дел од светот има лек кој може да ја излекува болеста. За жал не е така, а дури и да има таков лек би бил достапен на многу мал број на луѓе“ – рече Папата.

„Познат ни е приговорот кој посебно во ова време се однесува на живот обележан со силни физички ограничувања. Се смета дека болните и луѓето со инвалидитет не можат да бидат среќни затоа што не можат да остварат стил на живот кој го наметнува културата на уживање и забава“ – рече Светиот Отец – како „она што не е совршено треба да биде сокриено“ за да не пречи на „среќата и мирот на привилегираните“ или „да се стави во криза на доминантниот модел“. Затоа се заклучува дека болните и луѓето со инвалидитет подобро да се „држат одвоени“ во „кафез.“ Во некои случаи се смета дека подобро да се реши што порано за да стане неодржлив економски товар во период на криза.

Меѓутоа – нагласи – Папата – тоа е илузија на човекот кој ги затвора очите пред болеста и инвалидноста, не го сфаќаат вистинското значање на животот кој вклучува прифаќање на страдањето и ограничувањето. „Светот не станува подобар затоа што е составен само од наизглед „совршени“ луѓе, туку кога расте во солидарноста меѓу луѓето, меѓусебното прифаќање и почитување.

Среќата која сите ја сакаат може да се постигне само ако сме способни да љубиме; друг пат нема – рече Светиот Отец додавајќи: „Колку само луѓето со инвалидитет во страдањето одново се отвораат за животот штом откријат дека се сакани!“ Исус е лекар кој лекува со медицинска љубов затоа што го зема на себе нашето страдање и го откупува.

Начинот на кој ја живееме болеста и инвалидноста е показател на љубовта која сме подготвени да ја пружиме. Да не дадеме да се вознемириме од овие искушенија. Знаеме дека во нашите слабости можеме да станеме силни и да примиме милост за дополнување на она што недостасува со Христовите страдања поради неговото Тело Црквата; тело кое на слика на воскреснатиот Господ ги задржува раните, знаците на тешката борба; но тие рани засекогаш се преобразени со љубовта – рече на крајот од проповедта папата Фрањо.

Пред молитвата Ангел Господов на крајот од светата Литургија потсети дека вчера за блажен е прогласен свештеникот Џиакомо Абондо, а денес е беатифицирана сестра Каролина Сантоканале. Исто така потсети дека овие денови во Рим е одржана меѓународна средба посветена на грижата на лицата кои боледуваат од лепра. Го спомна и денешниот Светски ден на борбата против малолетничата работа повикувајќи: „Сите знаедно да ги обновиме настојувањата околку укинувањето на тоа модерно ропство кое лишува милиони деца од основните права и ги изложува на тешки опасности. Денес во светот има многу деца робови!“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот