Евангелската смисла на „Папските денови на милосрдие“

Евангелската смисла на „Папските денови на милосрдие“

„Папскиот ден на милосрдна љубов“ го промовира Италијанската епископска конференција во соработка со фондот „Петрова пара“, а се слави на најблиската недела од 29 јуни

Радосно да се прават делата на милосрдие на оние кои страдаат во тело и дух, тоа е најaвтентично живеење на евангелиесто. Тоа е неопходен темел како нашите заедници би растеле во братство и взаемно прифаќање – рече папата Фрањо на 18 март 2018 година, пред молитвата Ангел Господов, толкувајќи ја смислата на милосрдната љубов. Таа реченица упатува и на причината за „Папскиот ден на милосрдна љубов“, кој го промовира Италијанската епископска конференција во соработка со фондацијата „Петорва пара“. Секој верник може да учествува во помагање на оние во најголема потреба, како и на црковните заедници во потреба.

Станува збор за пракса уште од времето на првата заедница на апостолите, која продолжила низ вековите, затоа што милосрдната љубов е знак за распознавање на Исусовите уеници. „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе” (Иван 13,35). Да се дава милосрдна љубов и да се управува со неа на најдобар начин за Папата е основна цел. Од таму произлегува и неговата одлука на 28 јуни 2018 година да го именува монсињор Конрад Крајевски за кардинал, кој веќе од 2013 година е управител на „Папската милостилница“, и на тој начин ја зајакна важноста на таа установа, која нуди помош на сиромашните.

Има многу започнати инцијативи за помош на оние во потреба и кардинал Крејвски често пати оди по улиците на Рим како би се сретнал со сиромашните и бездомниците. Тоа му го препорача папата Фрањо кој го замоли да „излегува“, зборувајќи му дека неговата канцеларија нема потреба од работна маса.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот