Папата: Бог е семејство на три Личности

Преку Крштението Светиот Дух ни го вметна во срцето и самиот Божји живот кој е заедништво на љубовта. Бог е „семејство“ на три Личности кои така се сакаат и прават една единствена работа, рече папата Фрањо во пладневниот наговорот на 22 мај 2016 година.

Преку Крштението Светиот Дух ни го вметнал во срцето и самиот Божји живот кој е заедништво на љубовта. Бог е „семејство“ на три Личности кои така се сакаат и прават една единствена работа. Тоа „божествено семејство“ не е затворено во себе, туку е отворено, се објавува во создавањето и историјата и влезе во светот на луѓето за да ги повика сите– рече папата Фрањо во пладневниот наговорот на 22 мај 2016 година.

Пред молитвата на Ангел Господов на празникот на Пресветата Троица, папата Фрањо потсети на денешниот евангелски дел во кој Исус на учениците им открива во што се состои посланието на Светиот Дух: Тој нè води во разбирањето на Исусовите зборови

Но, Духот нè не поучува на „нови доктрини“, туку нè води во „потполно сфаќање на она што Синот го слушнал од Отецот и што им го соопштил на учениците.“ „Духот нè води во нови животни ситуации со поглед упатен кон Исус и истовремено отворени за настаните и за иднината. Тој ни помага да одиме низ историјата, цврсто вкоренети во Евангелието и со динамична верност на нашите традиции и обичаи“ – рече Папата.

Создадени сме на Божја слика, кој е заедништво, кој нè повикува и ние да се оствариме како битија во односот на солидарност и меѓусебната љубов – пред сè во црковните заедници, но и во сите други опкружување – продолжи Папата. „Празникот на Пресветата Троица нè повикува да се залагаме во секојдневните настани за да бидеме квасец на заедништвото, утехата и милосрдието.“

По молитвата Ангел Господов потсети дека вчера за блажен беше прогласен Франческо Марија Греко, свештеник и основоположник на Малите сестри служителки на Пресветото Срце. Го нарече „аниматор на посветениот и социјалниот живот“ и поттикна на благодарност на Бог за „тој примерен свештеник.“

Напомена дека утре во Истанбул започнува првиот светски хуманитарен состанок на врвот на кој ќе се размислува како да се одговори на актуелните драматични хуманитарни ситуации. „Да ги придружуваме со молитва учесниците на таа средба за целосно да се залагаме да се оствари главната хуманитарна цел: да се спаси животот на секое човечко битие, не исклучувајќи никого, посебно невините и незаштитените“ – рече Папата, велејќи дека на таа средба ќе учествува и Светиот Престол.

На крајот ги поттикна верниците на 24 мај духовно да се обединат со католиците од Кина, кои тогаш го слават празникот на Блажена Дева Марија Помошница на христијаните, во светилиштето во Шесан. „Да ја молиме Марија на своите деца во Кина да им дарува способност во секоја ситуација да можат да ги препознаат знаците на Божјото присуство.“ „Во оваа Света година на милосрдието нека католиците од Кина заедно со оние кои ги следат другите благородни традиции станат конкретен знак на љубовта и помирувањето“ – посака папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот