Папата: Славата и Крстот со Исус одат заедно и не може да се одвојат

Папата: Славата и Крстот со Исус одат заедно и не може да се одвојат

Предводејќи го литургиското славење на празникот на светите Петар и Павле, папата Фрањо на 29 јуни 2018 година за време на проповедта истакна: Благодарејќи на Господовото помазание, секој јарем е уништен.

Папата Фрањо ја предводеше светата Литургија на празникот свети апостоли Петар и Павле на плоштадот Свети Петар во Ватикан, а при тоа ги благослови палиумите за новите надбискупи митрополити. На светата Литургија исто така учсетвуваа четиринаесетте кардинали, кои ги именува за време на конзисториумот кој се одржа на 28 јуни во базиликата свети Петар.

Слава и крст

Папата во пригодната проповед предупреди на големата опасност: ако славата се одвои од крстот, ни преостануваат само триумфализмите кои се лишени од љубовта, служењето, сочувството, но и народот. Предупредувајќи на таа опасност, Светиот Отец напомена дека Исус сака да ги избави своите ученици, својата Црква од празните триумфализми. Славата и крстот одат заедно и се неодвоиви, затоа што кога ќе го напуштиме крстот, дури и ако влеземе во величенствен сјај на славата, ќе се залажуваме затоа што тоа нема да биде Божја слава, туку мамка на непријателот – предупреди папата Фрањо.

Исус ослободува од секој јарем на ропство

Светиот Отец рече дека Исус е помазаник кој оди од село во село со единствена желба да спаси и помогне на оние кои се сметале за изгубени: мртовците, болните, ранетите, покајаниците. Помазуваше со надеж и преку тоа помазаување секој грешник, секоја поразена личност, секој болен, секој паганин, кој и да се, може да се чувствува љубен член на Божјото семејство.

Папата рече дека Исус со своите гестови на многу личен начин зборува: „Ти ми припаѓаш на мене“. И ние како Петар можеме да исповедаме не само тоа што сме го слушнале, туку и она што конкретно сме го доживеале во своите животи. И Господ со помазувањето нѐ врати во живот, нѐ оздрави, нѐ обнови и нѐ исполни со надеж. Благодарејќи на неговото помазание, секој јарем на ропството е уништен.

Таа милосрдна љубов бара да заминеме во сите агли од животот, како би дојделе до сите, дури и по цена на добриот глас, комотност, положба, па дури и мачеништво.

Не слушајте ги „шепотењата“ на злиот

Светиот Отец напомена дека често го чувствуваме искушението дека како христијани треба да одржуваме „разумна оддалеченост“  од раните Господови. Тој потсети дека Исус ја допира човечката беда и нѐ повикува да му се придружиме во допирањето на телата на оние кои страдаат.

Светиот Отец на крајот рече за да се навестува верата, како Петар, треба да го препознаеме „шепотењето“ на злиот, односно „оние лични и заеднички засолништа кои ни овозможуваат да се држиме подалеку од вртлогот на човечките драми и наместо тоа вистински да прифатиме да се сретнеме со конкретната реалност на другите луѓе и да ја запознаеме силата на неговата нежност (Evangelii gaudium, 270).

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот