Епископската конференција на Турција се заблагодари на Светиот Отец за посетата

Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави благодарната порака од Епископската конференција на Турција по повод завршувањето на посетата на Папата на таа земја.

„Во име на целата месна заедница благодариме на Светиот Отец за утехата и добрата кои со својата посета ги донесе на целата земја“ – пишуваат епископите, изразувајќи благодарност за апостолската посета и за покажаниот пат на дијалог со другите христијански заеедници и посебно со муслиманите.

„Благодариме папа Фрањо, што нѐ потсетивте дека вистинскиот мир може да биде втемелен само со почитување на основните човечки права и должности, вкоренети во човечкото достоинство. Ваша Светост, католичката Црква во Турција моли за Вашата Петрова служба“ – пишуваат епископите и на крајот од пораката во молитвите на Папата го препорачуваат целиот турски народ.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот